Кои ви се најважните особини?

koi-vi-se-najvaznite-potrebi-povekjeНе е реткост кај некои личности да не одушеви една особина. Толку ќе ни се допадне што ќе ни се чини дека се останато е небитно, а не е така.

 

За повремено гледање таа особина може да биде доволна, но не и за подолга врска. За тоа веќе треба да се согледа комплетната личност и да се биде свесен колку таа личност ги задоволува нашите потреби.

koi-vi-se-najvaznite-potrebi-2

Да речеме, доста ви е од оние кои ги среќавате во градскиот превоз кои уште во понеделник наутро мирисаат на пот, кои кој знае колку време не се капеле, па новиот маж ве одушевува со тоа што мириса на чисто, делува уредно и елегнатно се облекува.

Тоа се позитивни особини, но не ви зборуваат доволно за него како комплетна личност. Тој може да има мани кои заедничкиот живот би го направиле неподнослив.

Затоа е најдобро да не се брза. Добро е да сме свесни за она што ни е потребно. Размислете за четири или пет особини кои ви се есенцијални, за четири или пет работи кои патрнерот мора да ги има  за да посакате да бидете со него.

Тоа може да биде заедничкиот став кон парите, вероисповеста, страсната желба за патување, љубов кон добра книга, добар филм или што и да е што вам ви е битно.

Потоа сетете се на на неколку работи кои би ви се допаѓале (пример убаво се облекува) но не се неопходни... нема да одбите маж кој се облекува во фармерки и џемпер... нели?

Тогаш пронајдете некој кој ќе ве одушеви со некои особини, сетете се што ви е главно. Дали тоа е она есенцијалното или нешто што баш и не ви се допаѓа, но не е неопходно? Како тој маж се вклопува во се она што ви е потребно?

Секако на тоа прашање нема да можете веднаш да си одговорите, за тоа служи постепеното запознавање, за да стекнете комплетна слика за него.

Би можело да ве интересира:

„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg