Зошто после сексот за една ноќ чувствувате осаменост, а не задоволство?

Во денешната прогресивна култура општеството сака да верува дека секс за една ноќ ги чини луѓето самоуверени и задоволни. Сепак, тоа не е секогаш случај.

zosto-posle-seksot-za-edna-nokj-cuvstvuvate-osamenost-a-ne-zadovolstvo-001.jpg

Многу експерти и терапевти тврдат дека многумина следното утро се будат со чувство на осаменост. Додека се забавувате и пиете алкохол, таквиот однос се чини како добра идеја - забавен е, спонтан и секси.

Сепак, врската што ја чувствувате со партнерот во моментот на занесот брзо ќе исчезне и наскоро ќе бидете принудени да се вратите во реалноста. А, тогаш можете да се покаете.

Причината за ова е што во својата глава мешате секс и интимност. Но наместо да ги исполните вашите потреби, останувате разочарани.

Површно, секс на една ноќ е нешто сосема безопасно - никој нема да биде повреден, бидејќи чинот трае кратко и никој нема да остави никого. Сепак, она што многу луѓе не сакаат да го признаат е дека тие тајно сакаат многу повеќе.

Токму тој копнеж може да предизвика чувство на осаменост, па дури и фрустрација.

Ако и двајцата сте свесни за тоа што се случува и ги имате истите очекувања, ако не се обидувате да ја пополните празнината, вашата совест не ве гризе и не се чувствувате лошо поради она што го правите, најверојатно нема да се покаете.

Сепак, ако чувствувате вознемиреност, тага, осаменост, непријатност, доколку се чувствувате како некој да ве користи, тогаш ова е лоша одлука. Ако сексуалниот однос од таков вид не ви го обезбеди она што го сакате, најдобро е да се држите настрана.

Исто така, корисно е да се има предвид следново - иако стабилните односи носат поголем ризик од повредени чувства, тие носат и поголема награда – чувство на приврзаност и љубов.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg