Бегај од мажот кој бара слаба жена!

Многу жени просто „се топат“ кога мажот ќе им каже дека бара „слаба“ жена. Веднаш мислат дека на тој маж му е потребна женствена жена, која ќе добие внимание, но еве во што е трикот.

begaj-od-mazot-koj-bara-slaba-zena-001.jpg

Тие мажи бараат покорна жена. Тие не сакаат договор, сакаат некој кој слепо ќе ги слуша и следи.

Секако, глупаво им е јавно да признаат дека бараат покорна жена, па ќе кажат: Јас сакам слаби жени.

Тие жени не се противат, го прават она што ќе им го кажеш, лесно наведнуваат глава...

Да бидеме отворени, силните мажи не сакаат слаба жена до себе. Слабите жени бараат моќни мажи. И тука има огромна разлика.

Силниот човек не бара постојано да биде силен, подмолниот човек е во состојба постојано да инсистира во тоа колку е тој моќен. А, доминацијата е возможна само со потчинување.

Каде е тука грижата, вниманието? Никој не ги спомнува.

Мажот кој бара слаба жена вели дека му е потребна за да се грижи за неа, но тука е главниот проблем. Овие жени не добиваат грижа, туку се под старателство на тој човек. Во тоа е разликата.

Вниманието е грижа за партнерот, а старателството е одржување на лекции, бидејќи не сте сигурни дека партнерот знае да се грижи сам за себе.

Во овој случај „слабата“ жена станува и неспособна. Со други зборови, мажот одлучува за неа.

Тој ќе ѝ каже каде да оди, со кого да се дружи, што да облече, кога ќе гледа серија, а кога ќе мора да зготви ручек. Бидејќи нели, тој е силен, а таа слаба.

Тука на крајот сè се свесува на домашен притвор.

Никој од нас не е создаден да биде покорен, не ни е таква природата. Слободата на избор е витална.

Ако ја немаме слободата, доаѓа до бунтување. И жените за кои зборуваме во одреден дел од животот ќе се побунтуваат. А, кога ќе дојде до тоа, кавгата е најмалото зло кое може да ве снајде.

„Силните“ мажи се способни и да кренат рака, со образложение дека тоа е за нејзино добро.

Мажот тогаш својата постапка ќе ја образложи со тоа дека „жената мора да биде послушна и слаба, како тој би можел да остане маж!“

Најди маж со кој секој договор е возможен. Најди маж кој од тебе нема да бара да се погазуваш, виткаш, подвиткуваш...

Најди маж кој нема да ти кажува што да правиш, а уште помалку што да НЕ правиш.

Ништо од тоа не ти гарантира среќа во брак, но не ти гарантира ниту несреќа.

Во најдобар случај, ти гарантира дека ќе бидеш со маж кој утре нема да крене рака на тебе.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg