Зошто се верува дека браковите склучени во 2020-та година ќе траат засекогаш?

Керолајн Фаулкнер е најпознатиот астролог во Велика Британија и тврди дека 2020-та година е најдобрата за склопување брак.

zoshto-se-veruva-deka-brakovite-sklucheni-vo-2020-ta-godina-kje-traat-zasekogash-001.jpg

Следната година, Сатурн, Јупитер, Плутон, Марс и месечината ќе бидат во ист знак. Ова е важно бидејќи овие небесни тела се симбол за преданост и емоционална стабилност.

Ова се нема случено уште од 1960-тите, период познат и како доба на љубовта.

Керолајн смета дека најдобриот датум за венчавка во 2020-та година ќе биде 20-ти февруари. Причината е што во нумерологијата, бројот 2 означува решавање и сила, додека во астрологијата, овој број е владеен од планетата Венера.

Овој датум ќе биде во симболот на емоционалната стабилност и исполнувањето на заклетвите.

„Астрологијата и нумерологијата зад овој датум се интересни – во нумерологијата, бројот 2 ја означува моќната жена, која се поклонува со скромност и грациозност, но сепак има неверојатна сила. Во астрологијата, бројот 2 ја означува куќата на Бикот, а ова е знак владеен од Венера – божица на љубовта и убавината.“

astrolog-otkriva-zoshto-2020-ta-e-najdobra-za-sklopuvanje-brak-02.jpg

Воглавно, целата 2020-та година ќе биде одличен период за создавање трајни врски и стапување во брак.

Астролошки, изминативе две години не биле најповолни. Па, паровите кои ги преживеале овие две години и кои сега сакаат да стапат во брак, речиси сигурно ќе ги надминат сите проблеми во иднина.

„Нив им е судено да развијат безусловна љубов, која е многу повеќе од романса. Поради порамнувањето на планетите во 2020-та, паровите кои ќе се одлучат на брак во оваа астролошка фаза, најверојатно биле во кармичка врска многу пати претходно, во многу други животи. Но, ова е животот каде што прават сè како што треба.“

Керолајн додала и дека 2020-та е престапна година, односно година кога жените традиционално можат да го запросат својот партнер.

Па, доколку сте размислувале за запросување, изгледа дека ова е знакот дека треба да го направите тоа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава