Дали бракот е навистина поуспешен кога жената го има главниот збор?

Ако жената чувствува потчинетост во врската, тоа ќе има лош ефект врз нејзината психа, што доведува до сериозни последици во врската. Ако мажот не ѝ дозволи на партнерката да ја има доминантната положба, ова, во повеќето случаи, ќе доведе до незадоволство и мачење на двајцата партнери. 

dali-brakot-e-navistina-pouspeshen-koga-zhenata-go-ima-glavniot-zbor-01.jpg

Доколку сите одлуки ги донесе жената, во бракот или врската, тоа ќе биде од корист за обајцата партнери, велат научниците.

Кога партнерите доброволно ќе ги заменат своите традиционално наметнати улоги во семејството, стануваат порелаксирани, послободни и посреќни.

Истражувањата покажаа дека борбата да се задржи главниот збор во куќата меѓу партнерите е доста честа појава. Желбата на жената да доминира во брак е резултат на вековните прекршувања на правата на жените и ограничувања на нивните права.

Родовата нееднаквост оставила поголеми последици кај жените отколку кај мажите.

Мажите ја гледаат својата слобода како нормална работа, додека жените се чувствуваат потчинето во општеството, дури и денес во некои сфери, па потсвесно се обидуваат да се справат со тоа.

Ако мажот не ѝ дозволи на партнерката да има доминантна позиција, во повеќето случаи, тоа ќе доведе до незадоволство и страдање. Со други зборови, колку помалку мажот диктира што треба да се прави во куќата, толку ќе биде посреќна неговата сопруга.

Dali brakot e navistina pouspesen koga zenata go ima glavniot zbor 02

Како резултат на тоа, самиот брак ќе биде поквалитетен.

Во старите времиња мажот се сметаше за глава на семејството, но всушност, сите одлуки ги донесуваа жените, затоа што тие беа столбот на секое семејство.

Се согласувате ли со овој чуден заклучок на научниците?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg