5 проблеми поради кои одбивате секс, а не сте ни свесни за нив

Чувствувате дека едноставно немате сила или желба за секс со партнерот? Постојат повеќе причини за овој проблем, од стрес и замор, до лекови или болести.

5-problemi-poradi-koi-odbivate-seks-a-ne-ste-ni-svesni-za-niv-001.jpg

Знаете ли дека алкохол и цигари, исто така, можат да ја намалат желбата за секс.

Доколку немате желба за секс можеби проблемот лежи во овие пет работи:

1. Проблеми со тироидната жлезда

Хипотиреоза е состојба во која тироидната жлезда не работи доволно, поради што се случува сексуална дисфункција. Некои жени доживуваат сувост на вагината, што го прави сексуалниот однос непријатен.

Иако оваа состојба не е честа кај мажите, сепак може да предизвика предвремена или одложена ејакулација.

2. Менопауза

За време на менопаузата се намалува производство на естроген, што предизвикува потење и сувост на вагината. Покрај тоа, производството на тестостеронот може да се намали со возраста. Овој недостаток на хормони предизвикува ниско либидо и кај мажите и кај жените.

3. Стрес и замор

Постојано чувство на загриженост и премногу работа можат да им наштетат на жените и мажите, кога станува збор за либидото. Многу жени се задоволни од своите сексуални односи, но едноставно се премногу уморни да чувствуваат желба за секс.

Артериите реагираат на стресот со стеснување, а тоа може да доведе до еректилна дисфункција кај мажите.

4. Лекови

Одредени лекови можат да влијаат на либидото. Лекови за депресија, апчиња за контрацепција, аналгетици...можат да предизвикаат несакани ефекти поврзани со намалена желба за секс.

Поточно, некои лекови влијаат врз нерамнотежата на хормоните, што им отежнува на луѓето да постигнат оргазам.

5. Пушење и алкохол

Преголема консумација на алкохол и цигари, на долг рок, може да влијае на либидото и импотенцијата. Алкохолот ги намалува шансите за бременост, особено за жени кои веќе имаат проблеми со плодноста.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg