Никогаш не губете надеж - Љубовни лекции што ги научивме од Friends

Можете да ги надминете и најтешките проблеми во врската

Врската на Мајк и Фиби се развиваше брзо, но Фиби остана со скршено срце кога дозна дека Мајк не би сакал повторно да се венча.

И овој пар сфати дека сакаат различни нешта, па раскинаа.

Но, Моника му се јави на Мајк и му кажа дека ако не направи нешто, ќе ја изгуби Фиби засекогаш. Тој реши да се справи со неговиот проблем и парот ни докажа дека во врската можете да ги надминете дури и најголемите проблеми.

nikogash-ne-gubete-nadezh-ljubovni-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-friends-05.jpg

Поставувањето услови наместо здрави граници може да значи крај за врската

И на Рос и Емили им одеше одлично, сè додека Рос не го изговори името на Рејчел на нивната венчавка.

Покрај другите проблеми, Рос ја убеди Емили да се пресели во Њујорк, но таа му постави услов никогаш повеќе да не ја види Рејчел.

Рос сфати дека не може да го направи тоа, па парот се раздели.

Иако е разбирливо зошто Емили постапи така, поставувањето услови наместо здрави граници, речиси секогаш значи крај за врската.

nikogash-ne-gubete-nadezh-ljubovni-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-friends-06.jpg

Понекогаш, дури и бегањето од вашата свадба е најдобриот избор

Воопшто не е лесно да соберете храброст и да го почнете животот одново.

Кога Рејчел го остави Бери на олтарот, ѝ беше потребна целата нејзина сила.

Очигледно, таа била несреќна во врската, па бегањето од свадбата било ризик што сакала да го преземе.

Се разбира, имаше последици, но доколку не го направеше тоа, никогаш немаше да се обедини со Моника и немаше да биде со љубовта на нејзиниот живот – Рос.

Приказната на Рејчел ни покажа дека прекинувањето на лошата врска е најдоброто што можете да го направите за себе.

nikogash-ne-gubete-nadezh-ljubovni-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-friends-07.jpg

Никогаш не губете надеж дека ќе ја пронајдете сродната душа

Рос и Рејчел ја немаа совршената врска. Беа пријатели, па беа пар, па раскинаа, па имаа дете, за на крај, да завршат заедно.

Целиот овој период, и двајцата се гледаа со други луѓе и созреаја како личности, но нивната љубов остана.

Вистината е дека никогаш не знаете што ќе ви приреди животот. Рејчел речиси замина за Париз, а токму ова ги натера да сфатат колку всушност се сакаат.

nikogash-ne-gubete-nadezh-ljubovni-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-friends-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава