Никогаш не губете надеж - Љубовни лекции што ги научивме од Friends

Секој фан на Friends, сигурно научил нешто од најпопуларната серија од '90-тите.

nikogash-ne-gubete-nadezh-ljubovni-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-friends-01.jpg

Без разлика дали тоа е вредноста на пријателството прикажано преку Џои и Чендлер или способноста да ја гледате светлата страна како Фиби, оваа серија допре до сите гледачи.

Friends е серија со многу значајни моменти, а дел од нив се полни во важни лекции.

Во продолжение, погледнете ги најважните љубовни лекции што ги научивме од Friends:

Почнување врска со пријател и не е така лоша идеја

Ако можеме да научиме едно нешто од врската на Моника и Чендлер, тоа е дека пријателството може да биде одлична основа за среќна и зрела врска.

Чендлер и Моника беа пријатели долго пред ноќта во Лондон и докажаа дека тоа може да биде клучно за стабилна врска.

И двајцата ги знаеја сите свои квалитети и недостатоци, и знаеја во што се впуштаат кога ја започнаа врската.

Понекогаш луѓето не им даваат шанса на врските, само затоа што долго биле пријатели. Но ако сте доволно храбри, можеби токму вашиот пријател е вашата сродна душа.

nikogash-ne-gubete-nadezh-ljubovni-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-friends-02.jpg

Љубомората и недостатокот од комуникација се смртоносна комбинација

Секој се сеќава кога Рос и Рејчел правеа пауза од нивната врска. Иако дебатата за ова постои и денес, недоразбирањето не треба да биде причина за неверство.

Рос навистина ѝ се јави на Рејчел за да ѝ се извини, само за да дознае дека Марк бил во нејзиниот стан.

Наместо да разговараат за ова, Рос ѝ дозволи на љубомората да надвладее, а Рејчел не се обиде да разбере зошто нејзиното грижливо момче постапи така.

Изгледа дека во оваа ситуација и двајцата беа виновни и ни покажаа дека комуникацијата е најважното нешто во врската.

nikogash-ne-gubete-nadezh-ljubovni-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-friends-03.jpg

Пред да започнете врска, осигурете се дека имате исти очекувања со партнерот

Приказната на Моника и Ричард беше навистина убава, но тие заборавија да дискутираат за некои важни теми.

Додека Моника сонуваше да има свое семејство, Ричард минуваше низ развод и веќе имаше деца и внуци. Возрасната разлика, пак, дополнително ги раздели.

Подоцна Ричард се согласи да имаат деца, но Моника сфати дека го прави ова само за да бидат заедно.

Иако љубовта меѓу нив беше повеќе од очигледна, тие имаа целосно разни замисли за нивната иднина.

Па, пред да започнете сериозна врска, разговарајте за вашите планови во иднина.

nikogash-ne-gubete-nadezh-ljubovni-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-friends-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
5 знаци кои покажуваат дека сте во среќна врска, исполнета со доверба Не го проверувате парнтерот на секој половина час кога е излезен со друштво и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg