10 навики за флертување што можат да ви предизвикаат проблеми во некои држави

Одење во луксузен ресторан

Американците сакаат да одат на состанок во полуксузни ресторани. Состанокот на места како McDonald's е дозволен само за средношколците и старите парови.

Во Шведска, пак, луѓето сакаат да одат на „пробни состаноци“, познати како fika. На овие состаноци најчесто одат во пекара или на кафе, а дури потоа одат во полуксузен ресторан.

10-obichai-za-flertuvanje-shto-mozhat-da-vi-predizvikaat-problemi-vo-nekoi-drzhavi-04.jpg

Чекање

Американците не брзаат кога треба да се сретнат со некој за состанок. Доколку се појават прерано на состанокот, можат да изгледаат како посесивни.

Но во некои држави, како Германија, времето се цени многу, па е навистина неучтиво да оставите некој да ве чека.

Отворање подароци

Подароците се одличен начин да покажете дека некој ви значи. На западот важно е да покажете благодарност за подарокот, а ако не го отворите веднаш, ќе изгледате неучтиво.

Во некои азиски држави, пак, како Кина или Индија, неучтиво е да го отворите подарокот пред личноста што ви го дала. Всушност, ако го отворите подарокот пребрзо, можете да изгледа како алчна личност.

10-obichai-za-flertuvanje-shto-mozhat-da-vi-predizvikaat-problemi-vo-nekoi-drzhavi-05.jpg

Навики за јадење

Ако на состанокот сакате да јадете, осигурете се кои правила треба да ги почитувате.

На западот, најдобро е да користите прибор, наместо да јадете со раце. Во Јапонија, пак, не смеете да подавате храна со стапчиња за јадење, туку само со рака.

Во Кина внимавајте како јадете нудли – доколку ви се скинат, тоа се смета за несреќа, а доколку ги јадете гласно, тоа значи дека ви се допаѓаат.

Подарување цвеќиња

Во Русија, од мажите се очекува да подарат букет со непарен број цвеќиња, правило што веројатно сте го сретнале и кај нас.

И историјата покажува колку комплицирани можат да бидат цветовите. Во викторијанската ера, испраќањето жолти рози значело навреда.

Денес, пак, жолтите рози означуваат пријателство, па ако ги подарете некому, му кажувате дека го сакате само како пријател.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg