10 навики за флертување што можат да ви предизвикаат проблеми во некои држави

Ако сте во некоја друга држава и ви се допадне некој, следниот чекор е да го поканите на состанок.

10-obichai-za-flertuvanje-shto-mozhat-da-vi-predizvikaat-problemi-vo-nekoi-drzhavi-01.jpg

Но, „правилата“ за флертување и состанување не се исти насекаде. Она што е нормално флертување кај нас, може да ви предизвика вистински проблеми во некоја друга држава.

Па ако сакате да флертувате во странство, внимавајте на овие нешта:

Јавно покажување нежност

Јавното покажување нежност не е многу прифатено ни кај нас, но барем нема да ви предизвика проблеми. Сепак, во некои држави, како Јапонија или Кореја, ова се смета за многу неучтиво.

Во Саудиска Арабија и други арапски држави, бакнувањето во јавност може да ви донесе и казна затвор.

Непокажување нежност во јавност

Во многу култури се очекува од луѓето јавно да ја покажат својата наклонетост кон некој, дури и ако тоа се само пријатели.

На пример, во Централна и Јужна Америка, луѓето често се поздравуваат со бакнеж во образот. Ако во овие држави избегнувате да покажете наклонетост, може да изгледате како личност без емоции.

10-obichai-za-flertuvanje-shto-mozhat-da-vi-predizvikaat-problemi-vo-nekoi-drzhavi-02.jpg

Делење на сметката

Воглавно, на западот, делењето на сметката е совршениот компромис.

Според традицијата, се очекува мажот да ја плати сметката, но денес ова се избегнува, најмногу бидејќи може да изгледа како навреда за жената.

Сепак, во Јужна Кореја, делењето на сметката е навредливо. Се очекува сметката да ја плати оној кој заработува повеќе. Ова значи дека ако жената заработува повеќе, сосема нормално е таа да плати во ресторан.

Носење партнер на свадба или забава

Во САД може да биде срамно да се појавите без партнер на забава или свадба. Но, во Велика Британија, правилата се поразлични.

Доколку сте сингл, овде најдобро е да одите на големи настани сами, бидејќи токму овие настани се гледаат како можност да запознаете некој.

Некои покани за свадби дури нагласуваат сингл гостите да дојдат сами.

10-obichai-za-flertuvanje-shto-mozhat-da-vi-predizvikaat-problemi-vo-nekoi-drzhavi-03.jpg

Бакнување

Правилата за бакнување се навистина комплицирани. Секоја култура си има разни правила за тоа дали треба или не треба да го бакнете партнерот.

Во некои европски држави, како Германија или Полска, најдобро е да ја прегрнете личноста ако сте излегле само неколку пати. Воглавно, бакнувањето е резервирано за посериозните врски.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg