Постојано живее во страв дека неговата мајка ќе се налути - зошто „мамините синови“ се неподносливи за жените?

Нема ништо попривлечно за жената, од маж кој се грижи за својата мајка, ја почитува, ѝ помага и е секогаш тука за неа.

postojano-zhivee-vo-strav-deka-negovata-majka-kje-se-naluti-zoshto-maminite-sinovi-se-nepodnoslivi-za-zhenskata-populacija-001.jpg

Но исто така, спротивно на горенаведеното, нема ништо поиритантно за жената од мажот кој нема свој став, кој чека неговата мајка да донесе одлука, се плаши од нејзината реакција и секогаш ја става токму мајка си на првото место.

Зачудувачки голем процент на анкетни листови покажале дека голем број од машката популација не знае каков тек треба да има врската со нивната мајка, по започнувањето на љубовна врска или пак по стапувањето во брак.

Исто така, понежните половини кои биле анкетирани велат дека нивната „свекрва“ има огромен ефект врз врската или бракот, а понекогаш и токму таа е главната причина за разделба.

Чест на исклучоци кои нормално постојат, во кои мажот одлично знае да ги избалансира и оддели овие две важни жени во животот и со самото тоа никого да не доведе до непријатна ситуација.

Во тоа е тајната на хармоничниот живот.

Во продолжение ви претставуваме разлики помеѓу соодветен и несоодветен однос на синот и мајката:

Обврска наспроти избор

Несоодветна: Синот секогаш се чувствува обврзан да ја види својата мајка и ја става на прво место пред сите негови планови. Со други зборови, тој „ги фрла“ во заборав сите приоритети ако таа се јави, затоа што ако не го стори тоа, навидум ќе чувствува некаква вина.

Овој акт најчесто предизвикува огромни проблеми со неговата девојка или сопруга.

Соодветна: Синот сака да ја види својата мајка, но ако се случи таа да се јави и да побара да се видат кога тој веќе однапред ги испланирал денешните активности ѝ вели: „Кажи во колку часот и каде да те носам утре на појадок?“.

Страв наспроти искреност

Несоодветна: Синот постојано живее во страв дека неговата мајка ќе се налути или пак нема да разговара со него ако ја разочара и не стори сé што таа ќе побара. Оваа појава претставува фрустрација кај многу жени и девојки и дефинитивно придонесува тензија во љубовната врска.

Соодветна: Синот не се плаши од личноста која го донела на овој свет и која безусловно го сака. Тој смета дека таа е свесна за тоа дека не постои син во историјата кој не ја разочарал својата мајка, во одреден момент за време на животот.

Наместо тоа, ако тој мора да каже или пак да направи нешто што знае дека ќе ја вознемири, тој сепак е искрен со неа и ѝ кажува сѐ, затоа што знае дека неговата мајка на крајот од денот ќе го надмине тоа.

Иритантност наспроти среќа

Несоодветна: Човекот кој се плаши од својата мајка има поголема тенденција да ја налути, иако тој првенствено тоа нема да го разбере. Таа емоција потоа се претвора во нервоза и вознемиреност, што потоа се претвора во негова вина, затоа што се чувствува вознемирен од фактот дека ја налутил сопствената мајка.

Оваа непријатност често резултира со кавга со неговата сопруга или девојка, а тој е потполно несвесен за тоа!

Соодветна: Еден човек кој има одлична врска со својата мајка, поминува квалитетно време со неа при секој заеднички собир. Тој го цени времето поминато со неа, ја радува, ја смее и прави работи кои знае дека секогаш ќе ја развеселат и навистина ќе и го разубават денот.

Postojano-zhivee-vo-strav-deka-negovata-majka-kje se naluti 02 630x340.jpg

Во продолжение неколку изјави на мајки и девојки/сопруги:

„Еве едно нешто. Јас сум мајка, и кога мојот син ќе порасне, ќе ја запознае жената на неговиот живот, ќе ја донесе дома и ќе се ожени со неа, јас навистина ќе се обидам да разберам дека тој е лудо заљубен во неа и дека ќе ја стави пред мене многупати.

И така треба да биде! Верувајте во изборот на вашите деца, бидејќи начинот на којшто вие сте ги воспитале ќе резултира со „сликата“ на нивната избраничка. Секоја мајка која ќе алудира на спротивното и ќе пробува да ја растресе среќата на нејзиното дете, се одликува единствено со себичност!

Секако, можеби вашите чувства некогаш ќе бидат повредени, но сето тоа е минливо во споредба со среќата на нашето дете. Секогаш треба да размислуваме дека и таа девојка или пак жена која ние ќе ја примиме е нечие чедо.“

„Иако имам само 20 години, секогаш се водам по едно правило: Начинот на кој вашиот маж ја третира својата мајка е всушност истиот начин на кој ќе ве третира вас!“

„Никогаш нема да ја заборавам врската со едно момче кое се однесуваше „идиотски“ со неговата мајка. Ги броев минутите и секундите кои ме делеа до излегувањето од неговиот автомобил и за моја среќа, никогаш повеќе не го видов.“

„Сите мажи треба да ги третираат своите мајки со љубезност, почит и благодарност. Но, тие треба да го сторат тоа затоа што навистина така сакаат, а не затоа што нивните мајки го очекуваат тоа.“

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg