7 карактеристики по кои ќе го препознаете емотивно интелигентниот маж

Интелигенцијата е веројатно на врвот на вашата листа желби при изборот на партнерот.

7-karakteristiki-po-koi-ke-go-prepoznaete-emotivno-inteligentniot-maz-1.jpg

Сепак, логичкото размислување не е единственото нешто што е важно – важна е и емоционалната интелигенција, односно можноста да се препознаат и разберат чувствата на друга личност. Ако имате таков човек крај себе имате многу среќа.

Па, како да знаете дали вашиот партнер е емотивно интелигентен?

1. Добар е и не бара ништо за возврат

Многу луѓе се љубезни само кога сакаат да добијат нешто за возврат. Ако вашиот партнер е секогаш добар и љубезен кон вас и не очекува ништо за возврат, тогаш тој е очигледно навистина добар човек.

И тоа е знак на емоционална интелигенција.

2. Зборува за своите чувства

Тој ги препознава чувствата на другата личност. Емотивно интелигентниот маж зборува отворено за неговите увиди и чувства.

3. Знае што сака

Бидејќи емотивно интелигентен човек размислува за своите чувства, тој точно знае што да очекува од животот, што сака, а што не.

Тој ќе ги следи своите цели и ќе ви каже што му треба. Ако е внимателен кон вашите потреби, тогаш тој е веројатно емотивно интелигентен.

4. Може да разговара со вас за врската

Кој има проблем да ги разбере сопствени или туѓите проблеми, секогаш тешко ќе може да зборува за врската. Емоционално интелигентните мажи се способни за тоа.

Тие чувствуваат кога нешто не е во ред и можат брзо да се справат со тоа.

7-karakteristiki-po-koi-ke-go-prepoznaete-emotivno-inteligentniot-maz-2.jpg

5. Има здрав социјален живот

Како по правило, емоционално интелигентните луѓе имаат многу пријатели. Поради нивното разбирање за потребите на другите, лесно формираат и одржуваат пријателства.

6. Не користи психолошки трикови

Иако емотивно интелигентните мажи се добро запознаени со чувствата и потребите на другите луѓе, тие нема да го злоупотребуваат за своите лични потреби. Нема да доживеете емотивна уцена од емотивно интелигентен човек.

7. Може да признае грешка

Емотивно интелигентен човек знае што значи да се биде разочаран. Кога некој греши и не сака да ја признае грешката, другата личност истото го доживува како разочарување.

За да го избегне ова, интелигентниот маж знае како да ги признае своите грешки.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg