5-те видови женски оргазми - Колку имате доживеано?

За многу мажи, женскиот оргазам претставува вистинска мистерија. Причината е што „процесите“ кои водат до врвот се сосема различни кај мажите и жените.

5-te-vidovizhenski-orgazmi-01.jpg

Но, факт е дека и жените знаат малку за женскиот оргазам.

На пример, знаевте ли дека постојат дури 5 видови женски оргазам?

Вагинален оргазам

Само една од три жени може да доживее вагинален оргазам за време на секс.

За ова има две причини – вагиналниот оргазам е директно поврзан со Г точката, која пак може да се стимулира само во одредени пози.

Втората причина е што за некои жени стимулацијата на Г точката не причинува задоволство. Всушност, за некои оваа стимулација е дури и непријатна.

Клиторичен оргазам

Околу 70% од жените доживуваат оргазам со стимулација на клиторисот. Клиторисот има речиси 8.000 нервни завршетоци, па е еден од најчувствителните делови на женското тело.

При стимулација на клиторисот е важна влажноста, а потребни се 16-тина минути за да се постигне врвот.

Многу е полесно да доживеете клиторичен отколку вагинален оргазам, но клиторичниот е пократок и со помал интензитет.

5-te-vidovizhenski-orgazmi-03.jpg

Анален оргазам

За повеќето жени аналниот оргазам е непознато нешто. Но, во областа на аналниот отвор се наоѓаат многу нервни завршетоци, па и овој дел од телото е чувствителен на допир.

Па доколку сте отворени за анален секс, голема е веројатноста да доживеете и оргазам.

При аналниот секс најважно е да бидете релаксирани и да користите многу лубрикант. Истовремено, за да го достигнете врвот треба да се чувствувате навистина удобно со вашиот партнер.

Ментален оргазам

Жените можат да доживеат оргазам и без допир, односно без физичка стимулација.

Најчесто ова се случува за време на сон, но можно е да постигнете оргазам и само со моќта на вашите мисли.

За свесно да постигнете ментален оргазам, од помош ќе ви бидат еротските фантазии, во комбинација со свесно дишење.

5-te-vidovizhenski-orgazmi-02.jpg

Повеќекратен оргазам

Жените имаат една предност за разлика од мажите – не им е потребна пауза за да доживеат неколку оргазми по ред.

Кај жените е лесно да се постигне втор оргазам веднаш после првиот. Причината е што во тој момент телото е преплавено „среќни“ хормони, па ерогените зони се уште почувствителни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg