7 секс совети кои би ѝ ги дала на „помладата јас“

Нека кренат рака сите оние кои денес имаат далеку подобар сексуален живот отколку на почетоците.

7-seks-soveti-koi-bi-i-gi-dala-na-pomladata-jas-01.jpg

Нормално е дека сите добри работи доаѓаат со искуство и првите сексуални искуства се секогаш чудни и збунувачки.

Каков совет би си дале на вашата помлада верзија во врска со сексот, нешто што би сакале да го знаете порано?

1. Самозадоволувај се пред партнерот.

Преземање на работите во свои раце, значи дека ќе го добиете токму она што сакате. Ова е често дополнителен стимул за партнерот да се потруди повеќе околу вашето задоволство.

2. Немој да имаш секс само со една личност.

Односно, со еден дечко кој потоа ќе ти стане сопруг. Колку и да ви изгледа дека тоа е најдобриот секс на светот, вие реално не можете да направите споредба со никој друг.

3. Престани да се замараш со „а, што би сакал он?“

Денес, секако ми е поважно моето задоволство.

7-seks-soveti-koi-bi-i-gi-dala-na-pomladata-jas-2.jpg

4. Порнографијата не е водич за сексуалниот живот.

Немојте да правите се што сте виделе во порно филмовите. Оставете нешто на професионалците, на крај краишта тие се платени за тоа.

5. Не чувствувај грижа на совест ако можеш да постигнеш оргазам само со вибратор.

Сексуалните помагала се секогаш добредојдени.

6. Лубрикантот е за секого.

И да, го прави сексуалното искуство далеку подобро.

7. Престани да се грижиш како изгледаш за време на секс.

Толку време поминав размислувајќи дали ми се гледа целулитот, како ми изгледаат градите од одреден агол...Остави ги сите тие мисли на страна и уживањето ќе биде далеку поголемо.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg