Најдобрите секс пози за женски оргазам

Женскиот оргазам може да биде вистинска мистерија, но не и ако знаете кои пози се најдобри за достигнување на врвот.

najdobrite-seks-pozi-za-zhenski-orgazam-01.jpg

Само 25% од жените доживуваат оргазам само со пенетрација. На останатите им е потребна дополнителна стимулација, но многу секс пози не го овозможуваат тоа.

За среќа, постојат неколку одлични пози, кои комбинираат пенетрација и стимулирање на ерогените зони, кои ќе ви помогнат да доживеете оргазам.

Навалување кон напред

Наведнете се кон напред и потпрете го горниот дел од телото на креветот. Партнерот треба да стои зад вас. Можете да ги држите нозете на подот, а доколку можете, ставете ги околу половината на партнерот.

Кучешка поза

Застанете на сите четири, а партнерот нека стои зад вас. Во оваа положба можете да ги користите рацете за дополнителна стимулација на клиторисот. Истото може да гo прави и вашиот партнер.

najdobrite-seks-pozi-za-zhenski-orgazam-02.jpg

Лотус

Вашиот партнер нека седне исправено на креветот. Вие седнете врз него, свртени кон неговото лице.

Оваа интимна положба ви овозможува да го контролирате движењето и да го стимулирате клиторисот.

Подигната мисионерска

Легнете на грб со раширени нозе, а под задникот ставете перница. На овој начин партнерот полесно ќе пенетрира и ќе ја стимулира вашата Г точка.

najdobrite-seks-pozi-za-zhenski-orgazam-03.jpg

Каубојка

Партнерот нека легне на креветот, а вие седнете врз него. И овојпат вие го контролирате движењето, а можете да користите и вибратор за дополнителна стимулација.

Легната кучешка

Легнете на стомак и спојте ги нозете, а партнерот нека пенетрира од назад. Со оваа варијанта на кучешката поза е полесно да постигнете оргазам бидејќи партнерот ќе ја стимулира вашата Г точка. Истовремено, ќе можете целосно да се релаксирате.

najdobrite-seks-pozi-za-zhenski-orgazam-04.jpg

Лажица со отворени нозе

Наместо да легнете на страна како за класичната поза лажица, легнете на грб и раширете ги нозете. Партнерот треба да легне до вас и да пенетрира од страна.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg