Најчестите типови на мажи кои се сингл и после 30-тата

Маж кој се откажал

Понекогаш, за некои луѓе љубовта не е приоритет. Мажите почесто се откажуваат од љубовта за разлика од жените, најмногу бидејќи им е страв од одбивање.

Овие мажи се убедени дека додворувањето е бесцелно, па не се ни обидуваат да најдат некој. Истовремено, тие би ја одбиле и жената која очигледно е заинтересирана за нив.

Дете

Постојат и детинести мажи кои се однесуваат неодговорно. Овие мажи изгледаат како да не сакаат партнерка, туку само личност која ќе се грижи за нив.

Ретко која жена би ја прифатила таа улога во врската, па по некое време сигурно ќе го напушти.

Маж кој не сака да си ги повтори грешките

Ова се мажи кои се свесни за грешките со претходните партнерки, па сега им е страв дека ќе ги повторат.

Некои од нив одлучуваат никогаш повеќе да не започнат врска, а некои, пак, само сакаат да направат мала пауза.

Овие мажи се искрени и би биле добри партнери, но само ако успеете да ги убедите да бидат со вас.

13-vidovi-mazhi-koi-se-singl-i-posle-30-tata-05.jpg

Маж кој сака да биде сам

Некои мажи, едноставно, сакаат да бидат сингл, без разлика што другите велат за тоа.

Тие се среќни и задоволни со себе и немаат потреба од друга личност во нивниот живот.

Добар улов

Овие мажи се образовани, изгледаат одлично, имаат добра работа и изгледа како да немаат никакви проблеми. Но, најчесто тие бараат жена што ги поседува истите квалитети како нив.

Проблемот е што додека трагаат по совршеност, животот им минува, па на крај остануваат сами.

13-vidovi-mazhi-koi-se-singl-i-posle-30-tata-06.jpg

Пребирлив

И овие мажи се обидуваат да ја пронајдат совршената партнерка, но ретко кога им оди од рака.

Тие поставуваат превисоки стандарди, што речиси никоја жена не може да ги исполни.

Биолошки часовник

Ова се мажи кои долго време биле сингл, и одеднаш сфатиле дека е време да најдат сериозен партнер.

Неретко се чувствуваат очајно и пробуваат сè за да започнат романтична врска. Проблемот е што ако ја најдат вистинската личност, избрзуваат со предлози за брак, деца и заеднички живот.

Иако намерите им се добри, повеќето жени не сакаат да брзаат со овие одлуки.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg