Знаци кои покажуваат дека не сте еден за друг

Не е фер некој да биде во врска во која нема да чувствува мир. Поврзаноста е прашање на разбирање и заемна заштита.

8-znaci-deka-ne-ste-eden-za-drug-01.jpg

Ако некој од вас (или и двајцата) почне да ја губи љубовта, истата може да се претвори од прекрасно чувство во мачење.

Затоа е важно да ги идентификувате работите што ве повредуваат (иако понекогаш не сте свесни за тоа).

Ова се знаците кои покажуваат дека вие и партнерот не сте еден за друг:

Заедно сте за да не се чувствувате осамено

Кога сте долго време во врска, понекогаш верувате дека нема да можете да функционирате без партнерот. Ако е ова единствената причина зошто сè уште сте во врска - прекинете ја. Додека не научите да се сакате себеси нема да можете целосно да сакате некој друг.

Партнерот ви е најголем критичар

Кога стапувате во врска, вашиот партнер треба да ви биде пријател што ќе ве поддржува во секоја тешка ситуација во која се наоѓате. Ако наместо тоа злонамерно ве критикува и нема разбирање, тогаш нешто не е во ред.

8-znaci-deka-ne-ste-eden-za-drug-02.jpg

Немате слична смисла за хумор

Светот може многу брзо да стане тажно место ако имате партнер со кој не можете да се смеете. Се разбира, тоа не значи дека треба да плачете од смеење после секој изговорен збор, но не е здраво да се биде со некој што секогаш е намуртен.

Се заљубивте во фантазија

Можеби и пред врската сте ја идеализирале таа личност. Го замислувавте како добар, внимателен и некој што ќе направи сѐ за вас. Меѓутоа, кога ја започнавте врската брзо сфативте дека тоа не е така. Оваа илузија само ќе ви донесе разочарување.

8-znaci-deka-ne-ste-eden-za-drug-03.jpg

Делата не одговараат на зборовите

Иако ви кажува дека ве сака, неговите постапки не го покажуваат тоа. Најлесно е да се кажат овие два збора, но ако вниманието, нежноста, почитта и разбирањето не одат заедно, „Те сакам“ не значи многу.

Имате различни лични цели

Вие сакате дете, тој не. Тој сака да се пресели во друга земја, но вие не сте подготвени за тоа. Постојат многу примери.

Многумина лесно можат да најдат компромис, но кога вашите цели и желби се сосема различни, единственото нешто што ќе го добиете е, за жал, болка.

8-znaci-deka-ne-ste-eden-za-drug-04.jpg

Се чувствувате несигурно со него

Наместо да се чувствувате удобно и самоуверено, вие сте вознемирени и несигурни кога треба да ја соопштите вашата одлука или кога сакате да ги искажете своите ставови и мислења.

Од страв од она што партнерот ќе го помисли или рече, претпочитате да ги премолчите овие работи.

Постојано размислувате за претходните врски

Ако сте во врска и постојано размислувате каде би биле сега доколку останевте со поранешното момче, можеби е време да размислите зошто сте со оваа личност. Особено ако во повеќето од овие фантазии мислите дека би ви било многу подобро со бившиот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg