25 причини зошто те сакам

Знам дека живееме брз живот и дека сме постојано во гужва, но застани само за момент и прочитај ги причините зошто те сакам.

25-pricini-zosto-te-sakam-01.jpg

Знам дека не стигнувам да ти кажам често „те сакам“. Честопати и во брзање не стигнувам ниту да ти покажам.

Но, добро е да знаеш.

Те сакам затоа што:

1. Ти ме најде. Сè уште не знам што точно се случи таа вечер, но изгледа ни беше судено да „завршиме“ заедно и покрај сите препреки.

2. Никогаш не се откажа од идејата дека треба да бидеме заедно. Не крена раце.

3. Ме прифати онаква каква што сум. И покрај тоа што не сите беа задоволни со твојот избор.

4. Иако сме комплетно различни, никогаш не се обиде да ме промениш.

5. Ми покажа каков си. Го отвори своето срце и секогаш разговараш со мене и за најдлабоките проблеми.

6. Затоа што ме познаваш дури и во оние моменти кога одбивам да признаам каква сум.

7. Кога се караме, никогаш не е трагично, затоа што и двајцата знаеме дека тоа нема да значи крај за нас.

8. Затоа што секогаш се грижиш за мојата среќа и ми ги исполнуваш сите желби.

9. Мојата среќа најчесто ти е на прво место, дури и пред сопствената.

10. Ги почитуваш моите потреби и барања.

11. Правиш да се чувствувам сигурно кога си покрај мене и во твојата прегратка.

12. Ми помогна да ги надминам сопствените стравови.

13. Секој ден учиме нешто ново заедно и еден од друг.

14. Сакам кога ми раскажуваш приказни од твоето детство бидејќи уживам да те замислувам каков си бил кога не те познавав.

15. Имам чувство како да те познавам цел живот.

16. Ние сме тим, ние имаме совршен баланс.

17. Може да ми недостигаш дури и кога сме го поминале целиот ден заедно.

18. Најубаво ми е кога ќе ме прегрнеш без да очекувам.

19. Сакам кога си фантазираме за иднината и животот заедно.

20. Затоа што си онаков татко каков што замислував дека ќе бидеш.

21. И знам дека би направил сè за нашата ќерка.

22. И за мене.

23. Те сакам затоа што сме „лонче“ и „капаче“.

24. И затоа што ме бакнуваш секоја вечер пред спиење за добра ноќ. 

25. Те сакам затоа што си „Ти“ и затоа што ме правиш среќна.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg