Несигурни мажи

nesigurni-mazi-povekjeКолку и да се трудите пред светот да одржувате мачо имиџ, во секој маж постои страв дека не ja задоволил, дека сите други мажи се поуспешни и...

 

...подобри љубовници од него. Дури и да е тоа вистина, не смеете да им се предадете на стравовите и малодушноста. Никогаш не е доцна да се претворите во вистински сензуален маж, а за тоа ви е потребно трпение, упорност и интелигенција.

nesigurni-mazi

Најголем број мажи се плашат дека ќе потфрлат за време на сексот. За тој неподнослив притисок обично се виновни доминантните и привидно независните жени кои тешко можат да ги задоволат. Многу мажи стануваат несигурни кога жените имаат поголеми барања во партнерските односи.

Тоа се оние жени кои во вас предизвикуваат привлечност, но и страв. Истовремено и се восхитувате и и’ завидувате; се плашите затоа што многу ве привлекува.

Слободно може да се рече: светот е поставен наопаку кога мажот станува сексуален објект. Не вреди што таа ве потсетува на ангел кога како што вели Рилке „ секој ангел е застрашувачки“.

Секое сексуално уживање - повеќе од било што, зависи од вашето расположение. Тајната на добриот секс се крие во однесувањето, истенчените чувства и знаењето.

За добар секс не ви треба добро набилдано тело, а пред се треба да престанете да мислите дека сексуалниот живот на другите мажи се вистинска бајка која вам никогаш нема да ви се случи. Немојте да заборавите на „рибарските приказни“, во кои другите мажи се фалат со своите успеси- кои постојат само во нивната фантазија.

За секс е потребно повеќе од гола техника, момците кои тоа го прават механички сигурно не се среќни. Во секој случај, вашата цел не е да го користите сексот како средство за надминување на сомнежот во сопствената машкост.

Би можело да ве интересира:

„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg