Љубов на прв поглед - 4 знаци што покажуваат дека сте се вљубиле

Штом се видовте, знаевте дека сте создадени еден за друг? Многу луѓе не веруваат во љубов на прв поглед, сè додека не им се случи. 

ljubov-na-prv-pogled-4-znaci-shto-pokazhuvaat-deka-ste-vljubeni-01.JPG

Доколку не сте сигурни дали сте заљубени, ова се четирите „симптоми“ кои не лажат:

Симптом број 1: Времето застанува

Бесцелно шетате низ продавниците или безгрижно го пиете кафето, кога одеднаш го гледате меѓу масата странци. Личноста што ја сонувавте цел живот. Изгледа точно онака како што сте го замислиле и имате чувство дека одамна го познавате.

Прво мислите дека сонувате. Сè околу вас исчезнува, повеќе не ги слушате зборовите на пријателите, не гледате ништо друго освен него. Телото ви кажува многу јасно дека се работи за љубов на прв поглед.

ljubov-na-prv-pogled-4-znaci-shto-pokazhuvaat-deka-ste-vljubeni-02.JPG

Симптом број 2: Го сонувате

Штом ќе се разбудите, првото нешто за што размислувате е тој. Додека правите кафе, додека ја храните мачката, додека влегувате во автомобилот, размислувате само за него.

Всушност, кога ќе размислите подобро, нема ниту еден момент во денот кога тој не е во вашите мисли. Пред спиење размислувате за неговите очи, уста, насмевка и често не можете ни да заспиете.

Симптом број 3: Среќни сте

Војна? Глад? Невработеност? Ова не е ваша грижа! Брем во овој момент.

Што и да се случува околу вас, вие сте среќни. Пловите во големото море на среќа и ништо не може да ве вознемири.

ljubov-na-prv-pogled-4-znaci-shto-pokazhuvaat-deka-ste-vljubeni-03.JPG

Симптом Број 4: Сè е спонтано меѓу вас

Додека некои двојки немаат за што да зборуваат, минуваат часови во непријатна тишина и не се согласуваат во ништо, вие веќе на првото излегување имате безброј заеднички теми за разговор.

Зборувате за сè, од тоа какви бевте на училиште и првото паѓање од велосипед, па сѐ до првата љубов и првото разочарување.

Ги чувствувате ли сите овие симптоми во исто време? Ако вашиот одговор е да, тогаш се вљубивте на прв поглед! За среќа, нема третмани што можат да ве излечат ова, па уживајте во новата љубов!

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg