Дали сте еден за друг - Знаци што ќе ви помогнат да го најдете одговорот

За да процениме дали партнерите се компатибилни, освен добрата комуникација, истото можеме да го откриеме и според должината на прстите, обликот на лицето, тонот на гласот, несвесното имитирање...

dali-ste-eden-za-drug-znaci-shto-kje-vi-pomognat-da-go-najdete-odgovorot-01.JPG

Што значи, можете да ги искористите сите овие фактори за да одредите каква е вашата врска.

Ако не сте сигурни дали сте добар пар, овие знаци ќе ви го дадат одговорот:

Несвесното имитирање е знак за привлечност

Ако партнерите несвесно се имитираат, тоа значи дека се чувствуваат удобно во нивното друштво, но и дека привлечноста меѓу нив расте. Односно, колку повеќе се поврзани партнерите, толку повеќе ќе се имитираат меѓусебно.

Ако едниот од нив почне да го чеша лицето, голема е веројатност дека истото ќе го стои и другиот партнер.

Ако некој им се допаѓа, и жените и мажите го менуваат тонот на својот глас

Мажите и жените зборуваат со различен тон со луѓето што ги сакаат и со пријателите и семејството. Кога зборуваат со партнерот, тие се обидуваат да го усогласат својот глас со неговиот, така што жените зборуваат со подлабок, а мажите со повисок глас.

На овој начин, тие потсвесно се обидуваат да му покажат на партнерот дека се најдобриот избор за него.

dali-ste-eden-za-drug-znaci-shto-kje-vi-pomognat-da-go-najdete-odgovorot-02.JPG

Прстите го откриваат карактерот на партнерот

Дали сте компатибилни со вашиот партнер, лесно можете да проверите и со помош на вашите прсти. Свиткајте го средниот прст кон вашата дланка - ако надминува три четвртини од дланката, тогаш имате долги прсти. Ако не ја надминува оваа должина, имате кратки прсти.

Должината на прстите открива многу за карактерот - луѓето со долги прсти се сметаат за трпеливи и внимателни, а оние со кратки за темпераментни и агресивни. Со ова можете да добиете некаква претстава за карактерот на партнерот.

dali-ste-eden-za-drug-znaci-shto-kje-vi-pomognat-da-go-najdete-odgovorot-03.JPG

Постои нешто и во движењето

Мажите се движат побавно кога одат со партнерот, отколку со луѓето кои им се само пријатели. Научниците веруваат дека луѓето го прават ова несвесно и дека еволуцијата е одговорна за сè - на овој начин го штитиме партнерот, односно потомството.

Хормоните одредуваат кого ќе сакаме

Секој од нас има посебен тип партнер што го сакаме најмногу, но на крајот, сето се сведува на нивото на хормоните. 

Луѓето најмногу ги привлекуваат партнерите кои ослободуваат исти нивоа допамин, серотонин, естроген и тестостерон како нив.

dali-ste-eden-za-drug-znaci-shto-kje-vi-pomognat-da-go-najdete-odgovorot-04.JPG

Партнер за цел живот? Лицето ќе го открие одговорот

Освен дланките, и лицето кажува многу за привлечноста. Жените ги сметаат мажите со пошироко лице за партнери за кратки врски. Овој облик на лице е поврзан со доминација и агресија, поради што жените ги отрфлаат како потенцијални животни партнери.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg