Мажите сакаат повеќе секс, спонтаниот секс е најдобар - 5 застарени митови во врска со сексот

Сексот е област во која постојано се преиспитуваме, мислејќи дека не сме доволно добри и вешти во креветот. 

5-zastareni-mitovi-vo-vrska-so-seksot-01.png

Честопати се преклопуваат митови и легенди во врска со сексот кои ни наметнуваат дополнителни очекувања во врска со сексуалниот однос.

Проверете ги следните 5 застарени митови во врска со сексот:

Мит: Мажите се повеќе промискуитетни од жените

Вистина: Во текот на сексуалната револуција жените си ја вратија својата моќ, а со тоа ги срушија и предрасудите на оваа тема. Жените едноставно ја ослободија сопствената сексуалност и нималку не заостануваат по бројот на партнерите со коишто имале секс.

Мит: Мажите сакаат повеќе секс од жените

Вистина: Секако дека и жените сакаат секс, но многубројните обврски не секогаш им дозволуваат да ја изразат јасно сопствената желба. Покрај работата, најголем дел од обврските околу домот и семејството паѓаат на товар на жената, па на крајот од денот честопати се исцрпени.

Освен ова, жените почесто се под влијание на хормоните, а ова предизвикува различни емоции.

Мит: Добриот љубовник не може да ја задоволи секоја партнерка

Вистина: Многу веројатно е дека некој којшто знае навистина многу работи во врска со сексот и има искуство ќе биде многу подобар во кревет за разлика од некој што сè уште не ја изгубил невиноста.

Мажот или жената што имаат огромно сексуално искуство точно знаат како да ги задоволат партнерите, па доколку сакате да доживеете незаборавно сексуално искуство, слободно поканете некој ваков во својот кревет.

Мит: Среќните парови постојано уживаат во добар секс

Вистина: Паровите во долги врски честопати запаѓаат во замката на повторлива рутина. Тоа е нормална појава, но затоа е добро со текот на времето малку да се зачинат работите. Едноставно препуштете ѝ се на фантазијата и уживајте.

Мит: Спонтаниот секс е најдобар

Вистина: Во спонтаниот секс навистина има многу возбуда, но и со планираниот секс може да доживеете врвно задоволство. Клучот е во планирањето.

Кога го планирате сексуалниот однос, непрестајно размислувате за него, што дополнително ја вжештува атмосферата. Колку повеќе го одолговлекувате моментот, толку уживањето ќе биде поголемо.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg