Фази низ кои минува жената кога ќе запознае добар маж после лоша врска

Кога сте во токсична врска, сè што е поврзано со овој однос е зависност. Знаете и не знаете што ќе се случи. Се надевате дека ќе се промени, но постои и утеха во работите што остануваат исти.

Niz kakvi fazi pominuva zenata koga ke zapoznae dobar maz posle losata vrska 01

Постои еден вид утеха кога некој толку длабоко ве познава. Дури и кога заминувате, сфаќате дека ви недостасува. Ви недостасува напливот на интензивни емоции. Од љубов до врескање. Но, тогаш ќе сретнете добар човек. И кога тоа ќе се случи, сфаќате колку е негативно влијанието на вашата мината врска. 

Ова се неколку фази низ кои минува жената кога ќе запознае нов, добар партнер, после лошата врска:

На почеток, го очекувате најлошото

После токсична врска, не верувате никому. Дури ни себеси. Се прашувате зошто толку долго толериравте таков однос. И влегувате во секоја нова врска очекувајќи го најлошото.

Некое време не верувате дека воопшто постојат добри луѓе, затоа што толку долго баравте погрешни квалитети и прифаќавте луѓе кои не ве заслужувале.

Анализирате сè

Сметате дека секој има скриени мотиви. Кога некого често фаќате во лага, едноставно станувате параноични. Не верувате дека луѓето можат да бидат искрени.

Правите луди претпоставки и се сомневате во добрите луѓе само поради една личност.

Niz kakvi fazi pominuva zenata koga ke zapoznae dobar maz posle losata vrska 02

Се обидувате да го оттргнете од себе

Некој во минатото ве натерал да верувате дека не го заслужувате најдоброто.  Kога ќе го добиете, ќе го одбиете. Се плашите од добрите работи, затоа што не сакате да ги изгубите.

Не сакате повторно да бидете повредени, па се обидувате да го уништите ова чувство.

Премногу се трудите

И кога конечно ќе се чувствувате удобно во таа врска и ќе ја сакате таа личност, не се обидувајте премногу. Во минатото мислевте дека не е доволно да го дадете најдоброто што можете, па моравте да се натпреварувате. Моравте да се докажувате.

Почнувате да му верувате

Ќе дојде моментот кога ќе му кажете на овој човек сè што ви се случило. Моментот кога ќе му верувате доволно. И кога ќе му ги кажете работите што ве повредиле, тој нема да се откаже од вас.

Тоа само ќе му даде причина да остане.

Niz kakvi fazi pominuva zenata koga ke zapoznae dobar maz posle losata vrska 03

Конечно сфаќате што е вистинска љубов

Почнувате да сфаќате дека врската што го дефинирала вашиот стандард за љубовта е толку нереална. Учите дека љубовта не треба да ве повредува или понижува. Љубовта не треба да ви го крши срцето.

Вистинската љубов не игра игри со вашето срце и не сака да ве повреди.

Сфаќате дека тоа не било љубов, туку контрола.

И повторно сакате бестрашно, само овојпат правилно.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Правев сѐ за да ги освојам мажите што ми се допаѓаат – случајно открив каде грешам“ „Се гледав со едно момче повремено 1 година и секојпат кога тој ќе дојдеше во мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg