Не веруваат во бајки: Зошто сѐ повеќе луѓе избираат да бидат сингл?
Работите се сосема поинакви од порано. Кои се топ причините зошто младите одлучуваат да останат сингл?

Голем дел од младите луѓе одлучуваат да бидат сингл.
Според истражување на центарот во Вашингтон, 25% од луѓето родени меѓу 1984 и 2003 година најверојатно нема да стапат во брак сѐ до 40-тата, односно 50-тата година во животот.
Како причини се наведуваат: неможноста да пронајдат соодветен партнер, недостигот од финансиска сигурност и неподготвеноста за сериозно обврзување кон некој.
Причините поради кои сѐ повеќе млади луѓе одлучуваат да бидат сингл:
Социјалните мрежи и апликациите за состанување им дозволуваат контакти, забава и емоции, без лични средби.

Сѐ помалку веруваат во бајки и пред себе немаат соодветен пример за вистински среќно семејство за да им се роди желбата да изградат такво.

Осаменоста ја зголемува продуктивноста и ја буди креативноста, па ориентирани се на кариерата.

Во последно време да се биде сингл не се гледа како некаква казна, туку како храброст.

Младите луѓе сѐ побавно созреваат, за разлика од порано.

Немаат притисок дека мора да стапат во брак до одредена возраст и срушени се стереотипите.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл?
Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала
Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же...
„Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак
Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м...
„Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...