10 трикови од секс терапевт како да си ја зголемите сексуалната желба

Секс експертите откриваат дека најчесто поставуваното прашање им е: „Како да си ја зголемам желбата за секс“.

10-trikovi-od-seks-terapevt-kako-da-si-ja-zgolemite-seksualnata-zelba-01.jpg

Губењето на либидото може да му се случи апсолутно на секој, но тоа не значи дека врската ви е осудена на пропаст или дека нешто не е во ред со вас. Губењето на сексуалната желба се случува дури и кај младите луѓе и тоа не е ништо чудно.

Но, сексот е добар за нас, го намалува стресот и го подобрува имунитетот, па треба да се обидеме да ја зголемиме сексуалната желба.

Секс терапевтот за магазинот Glamour под прекарот „Dr. Nan“ советува како да си ја зголемите сексуалната желба:

- Разберете го вашето либидо и тоа дека има 2 типа на сексуална желба и тоа активна (кога се чувствуваме возбудени) и респонсивна (која е под површината и која се буди на некои добри околности – од успех на работа до вечера приготвена од партнерот).

- Дадете си време и опуштете го мозокот, затоа што сѐ започнува оттаму.

10-trikovi-od-seks-terapevt-kako-da-si-ja-zgolemite-seksualnata-zelba-02.jpg

- Дадете ѝ приоритет на негата за себе и на тој начин ставете стоп на лачењето на кортизол, хормонот на стрес.

- Направете дигитална детоксификација, затоа што голем дел од стресот ви доаѓа токму оттаму, постојано сте на телефон и читате разни вести.

- Практикувајте вежби во кои фокусот е на дишењето, па со помош на телото смирете го умот.

10-trikovi-od-seks-terapevt-kako-da-si-ja-zgolemite-seksualnata-zelba-03.jpg

- Користете ги зборовите, односно ако сакате милување по градите или бакнување по вратот, отворено кажете му го тоа на партнерот.

- Разберете го вашиот менструален циклус, тој има големо влијание врз женското либидо.

- Мастурбирајте редовно, така ќе ја зајакнете поврзаноста на вашите гениталии со делот од мозокот задолжен за сексуално задоволство.

10-trikovi-od-seks-terapevt-kako-da-si-ja-zgolemite-seksualnata-zelba-04.png

- Имајте повеќе секс – колку повеќе секс имате, толку повеќе ќе сакате.

- Не чувствувајте стрес ако во моментот не ви е до секс, секој има различно ниво на сексуална желба.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg