5 работи кои сакам да ѝ ги кажам на љубовницата на мојот сопруг

Писмото кое се прошири на Twitter е од успешна жена во своите 30-ти која открила дека нејзиниот сопруг бесрамно имал афера.

5-raboti-koi-sakam-da-i-gi-kazam-na-ljubovnicata-na-mojot-soprug-001.jpg

По ова сознание, одлучила брзо да го прекине бракот. Меѓутоа, сакала да сподели некои работи кои би ѝ ги кажала во лице на љубовницата на нејзиниот сопруг...

Нејзиното писмо почнува со: „Како прво, ти благодарам!

Веќе неколку месеци сакав да го составам ова писмо до љубовницата на мојот сега веќе бивши сопруг. Многупати сум размислувала дали би разговарала со другата жена и што би ѝ кажала ако седневме една спроти друго.

Лично ја познавав и се допишувавме кратко откако открив за аферата.

Сега кога добро размислив, се освестив и го завршив бракот, се чувствувам способна да го изразам она што сакав да ѝ го кажам:

Ти благодарам што беше катализатор

Да не откриев за вашата афера, можеби до ден денес ќе бев заглавена во брак без љубов.

Во суштина, ти беше катализатор до многу прекрасни работи кои ми се случија потоа.

Жал ми е ако со тебе се однесува како што се однесуваше со мене

Се надевам дека ќе добиеш подобра страна од него, за разлика од тоа што го добивав јас.

Знам низ што минуваш и знам низ што минувале жените со кој бил пред мене. Сега имам јасна визија кој е и чувствувам сожалување ако се согласуваш на ронка од тоа однесување.

Заслужуваш подобро

Ми се чини дека си интелигентна девојка со потенцијал. Може само во оваа фаза од животот се обидуваш да се пронајдеш.

Сакам да знаеш дека заслужуваш многу, многу повеќе.

Ние жените би требало да се поддржуваме една со друга

Денес е доволно тешко да ги одржиш врските стабилни, па нема потреба некому да му ја отежнуваш среќата.

Како дел од женскиот род, те замолувам никогаш повеќе да не ѝ го приредиш истово на друга жена.

Секогаш имаш избор

Во една од пораките ми напиша: Се обидував да побегнам од ова, но очигледно не доволно силно.

Сепак, се реши да влезеш во врска со оженет човек. Затоа те молам, преземи одговорност за одлуките кои си ги донела.

И секогаш имај на ум дека можеш подобро и поинаку од ова.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg