Вистинската љубов нема рок на траење: Пар кој е 55 години во брак направи романтична фотосесија
Вејн уште на прв поглед знаел дека сака да го мине животот со Дороти и 57 години подоцна (од кои 55 во брак) не се кае за тоа.

Велат вистинска љубов е онаа која ти ја буди душата и секогаш го пронаоѓа патот, без разлика на препреките, а овој пар има токму таква љубов.
Дороти и Вејн се 57 години заедно, од кои 55 во брак. Тие се доказ дека вистинските емоции немаат рок на траење.

„Ја видов Дороти како танцува со нејзините другарки и на еден пријател му кажав: „Таа е девојката со која ќе се оженам“ и 57 години подоцна ние ја минавме секоја бура заедно и сѐ уште се сакаме како на почетокот“, вели Вејн за својата сакана.
Парот направи романтична свадбена фотосесија за да ја прослави својата љубов:









С. С. | Црнобело / Фото извор