Се состанувале, па биле разделени и во брак со други луѓе - 20 години подоцна се венчале
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Doktor 03-06-2020


Се состанувале, па биле разделени и во брак со други луѓе - 20 години подоцна се венчале

Кога љубовта е вистинска, таа го пронаоѓа својот пат дури и 20 години подоцна.

se-sostanuvale-pa-bile-razdeleni-i-vo-brak-so-drugi-lugje-20-godini-podocna-se-venchale-01.jpg

Алиса и Тим од Орегон се состанувале во средно училиште, но потоа патиштата им се разделиле.

Двајцата биле во брак со други луѓе и од партнерите се развеле во 2016-та година. Откако се разделил од сопругата, Тим почнал да размислува каде е и што прави Алиса, па ѝ пратил порака на Фејсбук.

se-sostanuvale-pa-bile-razdeleni-i-vo-brak-so-drugi-lugje-20-godini-podocna-se-venchale-03.jpeg

Неговата средношколска љубов била воодушевена, веднаш излегле и по неколку месеци тие се венчале. Во јули 2016-та направиле свадба, откако претходно биле 20 години разделени.

Тие си биле средношколска љубов и при средбата велат дека чувствата веднаш им се врaтиле, им изгледало природно.

„Продолживме таму каде што сопревме и беше фантастично. Тој беше токму таков каков што го паметев. Беше многу забавна личност и сфатив дека сакам пак да сум со него“, изјави Алиса.

se-sostanuvale-pa-bile-razdeleni-i-vo-brak-so-drugi-lugje-20-godini-podocna-se-venchale-06.jpeg

Алиса пред Тим имала два брака, од кои вториот траел само 10 месеци, а Тим еден кој се распаднал по 15 години.

„Кога се венчав со Тим, чувството беше како да се мажам со пријател. Се чувствував сакано и ценето поради тоа што сум. Комфорно ни е кога сме заедно. Како да живеам во бајка, тајмингот е совршен“, вели Алиса.

Фотки од парот:

se-sostanuvale-pa-bile-razdeleni-i-vo-brak-so-drugi-lugje-20-godini-podocna-se-venchale-05.jpeg

se-sostanuvale-pa-bile-razdeleni-i-vo-brak-so-drugi-lugje-20-godini-podocna-se-venchale-04.jpeg

se-sostanuvale-pa-bile-razdeleni-i-vo-brak-so-drugi-lugje-20-godini-podocna-se-venchale-02.jpeg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои години од бракот се најсреќни, а кои најтешки? Не сите парови се свесни за тоа дека кога ќе стапат во брак, обврските во семејс...
Славни парови кои докажуваат дека љубовта може да опстои и без брак Луѓето се запознаваат, се заљубуваат и се венчаат. Но, дали е секогаш бракот нео...
Каков е животот кога си немажена на 40 години? Овие шест жени отворено зборуваат за тоа како изгледа кога не сте мажени по четв...

Спонзорирани линкови:

Најчитани неделава