Што им е најважно на жените за време на секс?

Постојано се зборува за желбите и очекувањата на мажите од сексот, но и жените имаат свои потреби.

shto-im-e-najvazhno-na-zhenite-za-vreme-na-seks-01.jpg

И тие имаат одредени очекувања и уште при првиот секс обрнуваат внимание на некои работи што ќе им помогнат да одлучат дали се со вистинската личност.

Погледнете кои работи им се најважни на жените во сексот:

1. Дали вложувате исто труд колку и неа. Не заборавајте дека и вашата партнерка сака да го достигне врвот и не треба да се фокусирате само на вашето уживање.

2. Дали правите да се чувствува убаво. Партнерката нема да ужива во сексот ако постојано мисли на нејзините недостатоци. Затоа, не заборавајте да ѝ давате комплименти, дури и сред секс.

3. Дали ги почитувате нејзините желби и граници. Ако партнерката не сака да прави нешто, мора да го почитувате тоа. Нема да ѝ го промените мислењето ако се обидувате да ѝ наметнете чувство на вина.

shto-im-e-najvazhno-na-zhenite-za-vreme-na-seks-02.jpg

4. Дали се грижите за вашата хигиена. На партнерката веројатно можеби нема да ѝ биде многу важно дали имате стомачни, но дефинитивно ќе обрне внимание на хигиената.

5. Дали се фокусирате на неа. Ако целото ваше внимание не е врз неа, таа дефинитивно нема да ужива. Сексот е момент само за вас да двајцата, па обидете се да бидете присутни и со вашите мисли.

6. Дали сакате да користите заштита. Ниту една жена не сака сексуално преносливи болести, ниту да стравува дали останала бремена. Ако одбивате да користите заштита, нема да оставите добар впечаток кај неа.

7. Дали ја користите за секс. Ако после сексот не ѝ обрнете воопшто внимание, таа сигурно ќе си го постави ова прашање. Ако се посомнева дека само ја користите, најверојатно нема да ја гледате уште долго.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg