Време ли е за брак? (2)

vreme-li-e-za-brak-2-povekjeДали воопшто е можно смирено и сталожено да го почекате големиот ден кога една врска уште повеќе ќе се зацврсти до стапување на идните сопружници пред олтар?

 

Што ако тој е подготвен за брак, а таа не? Или обратно, што е почест случај? По повеќегодишна врска, неа и се чини дека нема повеќе што да се чека.

vreme-li-e-za-brak-2

Родителите и пријателките постојано и велат дека е време двајцата да станат посериозни и да основаат семејство, но тој има јаки аргументи: сака двајцата финансиски да се осамостојат. Во овој случај можеби треба да се има побавен пристап.

Без разлика на тоа кој сака, а кој не сака брак, добро е да се наоружате со трпение и да не придавате важност на туѓите притисоци. Добро е двајцата да си кажете што сакате, но треба да се има и разбирање кон туѓите ставови.

Можно е зад некои разумни објаснувања да се кријат различни стравувања, пред сè несигурност во себе, страв од тоа дека нема да биде во можност да му се посвети на семејството, па дури и од дефинитивното одвојување од стариот начин на живот.

Жените тоа не го разбираат, но да се простите од момчешкиот начин на живот не е едноставно! Можеби најдобра варијанта е кога еден пар ќе почне да живее заедно некое време, па на тој начин ќе види дали и како функционираат потполно сами.

А што кога ситуацијата е спротивна – тој сака брак, а таа не? И тоа се случува...

Нему повеќе не му се доволни излегувањата и дружењето со пријателите, сака да се смири и да има деца. Таа стравува дека тој во неа гледа само мајка на неговите деца, но не и привлечна жена и се плаши дека со стапувањето во брак ќе ја изгуби женственоста.

Во секој случај, доколку чувствувате дека партнерот сака да ве манипулира, сака да ве смени, од начинот на кој се облекувате до вашиот карактер, најдобро е да се откажете од венчавката.

Бракот е за оние што не се плашат од одговорности, за оние на кои им досадила улогата на вечен адолесцент и за оние што се подготвени да се фатат во костец со реалните проблеми.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg