Како влијае љубовта?

kako-vlijae-ljubovta-povekjeДосега сигурно сте чуле дека љубовта, покрај тоа што е убава, по многу нешта е и корисна. Не мислиме овде на брак од корист – тука нема љубов...



...тоа е само практичен деловен однос – мислиме буквално на корист која ви ја донесува љубовта, без разлика дали сте венчани или не.

На што мислиме? Воопштено, љубовта е многу корисна за вашиот изглед и здравје. Кои се конкретните користи од љубовта?

kako-vlijae-ljubovta

Исполнет љубовен живот, научно е докажано, го штити вашето здравје бидејќи ви го зајакнува имунитетот. Тоа значи дека поретко ќе заболувате од не толку опасни но секако досадни заболувања како што се кивавица, грип или слично.

Покрај тоа, кога сте среќни во љубовта и системот за варење подобро ви работи, односно стомачните проблеми се поретки. Поради зајакнатиот имунолошки систем и разните други болести поретко ќе ви прават проблем.

Ова секако не значи дека не треба да обрнувате внимание на здравјето, но кога сте среќни во љубовта, помали се шансите бактериите да го совладаат вашиот одбрамбен механизам.

Истото важи впрочем и за секој облик на среќа – среќните луѓе се поздрави луѓе.

Се смета дека љубовта го отстранува стресот, но нам ни се чини дека тоа не е баш многу прецизна формулација. Стресот и стресните ситуации ќе постојат во вашиот живот и ако сте среќни во љубовта, само што вашата реакција ќе биде поинаква  - стресните ситуации помалку ќе ве засегаат.

Жените имаат и посебни користи, специфично женски, од љубовта – среќата во љубовта ги ублажува или дури и ги отстранува менструалните проблеми.

Жената среќна во љубовта ќе биде поопуштена, да не зборуваме за хормоните на среќа кои „шетаат“ во нејзиниот организам, така што и отпорноста на болка ќе и биде поголема, а  поради опуштеноста и причини за болка ќе има помалку.

Уште една корист за жените – поради зголемената продукција на естрогени и прогестерон, женските полови хормони, кожата ќе биде подобро снабдена со крв, тенот ќе биде посвеж, а кожата позатегната.

Заљубени ли сте и вие? Како вам ви влијае љубовта? Слободно кажете ни во коментарите.

Би можело да ве интересира:

11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg