Рамноправност во врската

ramnopravnost-vo-vrskata-povekjeЧесто се зборува за изедначување на жените со мажите и за тоа дека тие сакаат исти права во врската. Секако, треба да ги имаат. Поретко се споменува...



...дека има мажи кои чувствуваат дека партнерката ги исклучува од многу аспекти на заедничкиот живот, а потоа ги обвинува дека не учествуваат доволно.

ramnopravnost-vo-vrskata

Веднаш да кажеме дека овој текст не е против жените, ниту пак се однесува на некоја постоечка врска – се работи за тоа дека постојат и врски со проблеми кои ќе ги опишеме. Сериозни врски, бракови.

На почетокот врската тече убаво, доволно убаво за партнерите да решат да се венчаат. И почнуваат договорите за венчавка – договори кои ги прават идната невеста (која од мала сонувала венчавка во бело) и нејзината мајка, а идниот младоженец не го прашуваат што тој би сакал.

Тоа често пати се прави без лоша намера, само се следи клишето дека мажите и онака не ги интересираат тие ситници – но го интересира, бидејќи станува збор и за неговата венчавка.

Мажот тука донесува заклучок, кога се работи за брачниот живот, неговата пратнерка сака сè да организира, дека од него се очекува да се тргне на страна и да не пречи. Таквото однесување се усвојува и подоцна во бракот – ја пушта жената да се грижи за домаќинството, додека тој се крие зад весниците, комјутерот или телевизорот и се труди да не пречи.

Се раѓа бебе, тој се плаши да не пречи и да не го повреди бебето, таа делува како сосема добро да се снаоѓа сама, па тој и понатаму се чувствува исклучен. Потоа во некој момент таа ќе му подвикне дека воопшто не и помага, дека сè мора сама да работи, дека тој ништо не разбира.... зарем до сега не го правел тоа што се очекува од него?

Има жени што сметаат дека главната улога на мажот е да носи пари дома и на тој начин да се грижи за семејството, евентуално да ги одбрани ако влезе крадец дома, додека одлуките за домаќинството и децата се нивна грижа – на таква жена би и било потполно неприродно да се договара со мажот, на пример што да зготви утредента.

Меѓутоа има и жени кои што сакаат нивниот маж да учествува во сите аспекти на животот, но со опишаната постапка несвесно од старт го исклучуваат, а подоцна не разбираат како тоа тој не разбира дека е во брак и дека неговите обврски се поинакви од претходно.

Како да се реши оваа ситуација? Со старата добра комуникација – од самиот старт.

Мислите дека вашиот партнер не е заинтересиран за подготовките за венчавка? Немојте да претпоставувате, прашајте го, неговиот одговор може да ве изненади.

И подоцна добро е отворено да комуницирате за сè, да се договарате што ќе биде чија обврска, што и како ќе се работи. Така никој нема да се чувствува исклучен ниту запоставен, да се чувствува дека пречи, туку како полноправен член на брачната заедница.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg