Како Фејсбук го менува сексот?

kako-facebook-go-menuva-seksot-povekjeСите сме свесни за влијанието кое Фејсбук го има врз нашите животи, па секако тоа подразбира и влијание врз сексот и како луѓето “доаѓаат” до него.


Пораки како “Знам дека си среќно оженет, и јас сум среќно мажена. Но, ако некогаш пак дојдеш во... побарај ме.

kako-facebook-go-menuva-seksot-1

Можеме убаво да си поминеме, без никакви обврски.” се само доказ за тоа колку Фејсбук ги прави луѓето да бидат похрабри и поотворени да го кажат тоа што го мислат и посакуваат.

Според истражувањето кое го направи Men’s Health, 24% од луѓето не го ставаат својот вистински љубовен статус за да можат да си ги чуваат отворени опциите или за да можат и понатаму да флертуваат. 27% од Фејзбукџиите воопшто не ставаат љубовен статус, а само половина од тие луѓе се сингл.

Дури 70% од испитаниците потврдиле дека го користеле Фејсбук за да флертуваат, а само 24% од нив го прават тоа со својот сегашен партнер.  

Повеќе од една четвртина изјавиле дека постирање на слика на Фејсбук им предизвикало проблеми со партнерот.

Од друга страна пак, 59% од испитаниците велат дека биле љубоморни затоа што нивниот партнер комуницирал со одредена личност преку Фејсбук. 55% од луѓето пратиле понуда за пријателство на некој кој им се допаѓал, а го/ја познавале многу малку.

На прашањето како Фејсбук довел или помогнал во изневерување, најчести биле овие одговори:

kako-facebook-go-menuva-seksot-2

  • Бев во досадна врска и флертувањето на Фејсбук ме донесе до неверство
  • Спиев со двајца мажи кои ги запознав на Фејсбук
  • Да, го изневерив својот партнер со некого кого запознав преку Фејсбук
  • Се договоривме за средба преку Фејсбук пораки
  • Имав секс со една девојка кога бев на пат и останав во контакт со нејзе неколку недели по што ги прекинав сите контакти
  • Ги искористив пораките за да договорам секс дружба со бивша девојка

Кој е вашиот љубовен статус на Фејсбук? А на вашиот партнер? Го користите ли Фејсбук за да флертувате? Сте се сретнале ли со некој што го знаете само преку Фејсбук? Го очекуваме вашето мислење во коментарите!

Би можело да ве интересира:

Мажи откриваат: „Работи за сексот и пубертетот што посакувам да ги знаев порано“ „Посакувам да знаев дека порно филмовите поставуваат нереални стандарди за голем...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
„Свиткан мост“ – Возбудлива, но тешка секс поза, која ќе ја направат само најсилните (18+) Секс позата „свиткан мост“ бара многу сила кај двајцата партнери, особено кај ма...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Дали е во ред да мастурбирам секој ден?“ Кои се петте најважни правила за добар секс и дали е во ред да се мастурбира сек...
„Азиска каубојка“ – Секс поза која ветува брз оргазам кај двајцата партнери (18+) Оваа секс поза е слична на класичната каубојка, но различното поставување на ноз...
5 најдобри секс пози за деновите кога надвор е пеколно топло Кои се најдобрите секс пози за деновите кога надвор е премногу топло? Како да ус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg