Бракот е рај за сексот

brakot-e-raj-za-seksot-povekjeГолема заблуда е дека самците уживаат во луд и возбудлив секс. Статистиките покажуваат дека брачните парови имаат не само подобар секс...


...туку и поредовен од оние што живеат слободно, односно без брачни обврски. Сè зборува во прилог на тоа дека во брак, деновите, а особено ноќите, воопшто не мораат да бидат досадни и долги.

brakot-e-raj-za-seksot

Според истражувањата, се смета дека брачните парови водат љубов во просек девет пати месечно, додека слободните шест пати месечно. Постарите парови водат љубов шест пати месечно, а невенчаните парови четири пати месечно.

Кога се жените во прашање, тие мора да се борат со некои други проблеми. Еден од најголемите е постигнувањето оргазам, а веднаш потоа следи грижата за одржување на привлечен изглед. Истражувањата покажаа дека 67% од испитуваните жени тврдат дека некои од своите сексуални потреби никогаш не ги исполниле!

Да се вратиме на невенчаните парови. Постои еден аспект поради кој тие се во предност. Се работи за сексуалната издржливост. Жените што живеат сами воглавно се сексуално поактивни и се во подобра сексуална кондиција од мажените, а ист е случајот и кај мажите.

Но, основната причина поради која сексот во брак е подобар е тоа што самиот чин на водење љубов е нешто повеќе од физички контакт – тој го надминува физиолошкото празнење.

Воедно паровите во брак имаат можност почесто да водат љубов, иако мораат да се откажат од двочасовниот секс, особено ако имаат деца. Времетраењето на сексот во бракот е многу пократко. Меѓутоа, иако се тврди дека моногамијата е монотона, тоа не е точно.

Најголемиот број парови ќе ви кажат дека не само што се задоволни со својот сексуален живот туку дека се одушевени со него. Уште кога на тоа ќе му ја додадете верноста, која ја зацврстува довербата, добивате идеална слика на мирни брачни води.

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg