Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Најчестите грешки што ги прават паровите во сериозна врска, заради кои завршуваат неславно

Воопшто не е лесно да се разделите од партнерот кој го сакате и со кој сте поминале многу време заедно, но знаевте ли дека повеќето сериозни врски завршуваат поради мали грешки, на кои повеќето не обрнуваат внимание?

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-parovite-vo-seriozna-vrska-poradi-koi-raskinuvaat-01.jpg

Добрите вести се дека можете да се справите, па дури и целосно да ги избегнете овие проблеми и грешки, и тоа со многу малку труд.

Погледнете кои се најчестите грешки на паровите во сериозни врски поради кои раскинуваат:

Се игнорираат

Само затоа што живеете со партнерот, не значи дека не треба да одвоите дел од денот само за вас двајцата. Можеби целиот ден ќе го поминете во иста просторија, но ако не разговарате и се игнорирате еден со друг, немате никаква корист од ова „дружење“.

Затоа, осигурете се секој ден ќе му обрнете внимание само на партнерот.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-parovite-vo-seriozna-vrska-poradi-koi-raskinuvaat-02.jpg

Страв им е да бидат ранливи во врската

Знаевте ли дека ранливоста го зајакнува односот помеѓу партнерите? Ако ви е страв да покажете ранливост или некоја слабост пред партнерот, најверојатно имате проблеми со довербата, а ова дефинитивно ќе предизвика проблеми.

Партнерот е личност пред која треба слободно да го покажете вашето вистинско лице, со сите ваши грижи и недостатоци. Тој не е странец од кој треба да ги криете вашите проблеми.

Се навикнуваат еден на друг

Некогаш луѓето се навикнуваат на нивниот партнер, па престануваат да го ценат сиот труд што го вложува во врската, домот и слично.

Ако, на пример, партнерот постојано ги завршува сите домашни обврски, не го гледајте тоа како нормален дел од неговата рутина. Наместо тоа, покажете дека сте благодарни, понудете помош и кажете му на партнерот дека го цените она што го прави за вас.

Истото важи и за многу други работи во врската – само затоа што сте долго време заедно, не значи дека треба да престанете со комплиментите, романтичните гестови...

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-parovite-vo-seriozna-vrska-poradi-koi-raskinuvaat-03.jpg

Не ги почитуваат нивните граници

Секоја личност си има свои граници, а затоа што сте во сериозна врска со неа, не значи дека имате право да ги преминувате. Ако на партнерот не му се допаѓа нешто, покажете разбирање и немојте да се лутите.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-parovite-vo-seriozna-vrska-poradi-koi-raskinuvaat-04.jpg

Не се грижат за себе

Нормално е со текот на времето да ви стане удобно во друштвото на партнерот, но тоа не значи да треба да ја запоставите грижата за себе. Да, партнерот ќе ве сака дури и ако качите 20 килограми, но тоа не е изговор целосно да го запоставите здравјето и изгледот.

Истовремено, без разлика што сте во врска, не престанувајте да работите на личниот развој и на вашето подобрување во секоја област.

Имаат ниска самодоверба

Ниската самодоверба може да предизвика многу проблеми во врската. Најпрво, луѓето со ниска самодоверба неретко сметаат дека не се доволно добри за партнерот, па постојано очекуваат да бидат оставени. Со овој начин на размислување сигурно нема да уживате во миговите со партнерот.

Покрај тоа, кај луѓето со ниска самодоверба доста често се појавува и љубомора, дури и кога нема причина за тоа, а ова секогаш е причина за проблеми во врската.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-parovite-vo-seriozna-vrska-poradi-koi-raskinuvaat-05.jpg

Избегнуваат конфликти по секоја цена

Многу луѓе ги потиснуваат проблемите и не кажуваат кога нешто не им се допаѓа во врската, само поради желбата да избегнат конфликти. Но, ако партнерот несвесно прави нешто погрешно, а вие не му кажете, тој ќе продолжи со тоа, а вашиот гнев само ќе расте. На крај, ќе „експлодирате“ и ќе се соочите со многу поголем, непотребен конфликт.

Прочитајте и 7 најлоши навики на паровите кои им ја „убиваат“ љубовта, откриваат терапевтите

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg