Знаци во однесувањето на мажите кои откриваат какви се во кревет (18+)

Колку пати досега ви се случило да излезете со некого на прв состанок и да се запрашате дали тој би бил добар во кревет?

znaci-vo-odnesuvanjeto-na-mazhite-koi-otkrivaat-kakvi-se-vo-krevet-18-01.jpg

Според магазинот Cosmopolitan постојат неколку знаци кои можат да покажат дека станува збор за добар партнер.

Станува збор за секојдневни постапки во однесувањето на мажот, кои се всушност знаци дека тој може да биде добар во кревет:

Разговор

Во статијата како прв знак се наведува дали дечкото/мажот што ве прашува како ви поминал денот.

Ако поставува голем број прашања за вас (за што се грижите, дали денот ви бил напорен и сл.), тој се обидува да открие што ве прави среќна. Ако го прави тоа во разговорот, тогаш најверојатно ќе биде заинтересиран да открие што е добро за вас во кревет.

Допир

Да не го спомнуваме тука допирот од „кој трепери целото тело“, како во романтичните романи од типот на „Педесет нијанси“.

Според споменатиот текст, ако тој знае воопшто да ве допре на раката на начин што ќе направи да се чувствувате убаво, или ако знае добро да ве измасира, тогаш речиси е загарантирано дека ќе знае каков допир ви треба и во интимните мигови.

Прави да се чувствувате поубави

Ако тој прави да се чувствувате поубаво, посекси и да бидете покомотни во сопствената кожа тогаш тоа ќе ви помогне да бидете посамоуверени и за време на сексот.

Контакт со очи

Доколку тој не се срами да воспостави директен контакт со очите додека разговара со вас, тогаш најверојатно нема да биде срамежлив и за време на сексот. Ако го погледнете во очи и тој поглед е мошне интензивен што дури ве прави нервозни, тогаш најверојатно ве очекува и добра секс.

Не се брза никаде

Ако дечкото уште на првиот состанок и при првиот бакнеж побрза да стигне што е можно побрзо под здолништето, најверојатно станува збор за нетрпелива личност. Ако не „ве нападне“ уште при првиот бакнеж, тогаш најверојатно ќе биде трпелив и во кревет.

Кога ќе му речете да престане да прави нешто - веднаш престанува

Кога ќе го замолите да престане да прави нешто, било што, веднаш престанува. Ако му речете да престане да се смее за некои работи затоа што вие не се чувствувате комотно, а тој веднаш престанува и ви се извинува, тогаш најверојатно таквото однесување можете да го очекувате и во интимните мигови.

Самодоверба

Доколку станува збор за партнер што е самоуверен воопшто во сè што прави, тогаш тоа ќе се пренесе и во креветот. Тоа што некои мажи не се самоуверени не значи дека нема да бидат добри или солидни партнери, но таа несигурност ќе се пренесе и во овие моменти.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
8 грешки со кои си ја уништувате врската (и можат да доведат до неверство) Ако само си ја префрлате вината еден со друг, ако сте емоционално затворени и ак...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg