Дали сте слушнале за „ванила секс“ и што подразбира терминот во однос на интимниот живот?

Не, секако дека не станува збор за сексуален однос кој вклучува ванила на каков било начин во самиот чин. Под поимот „ванила“ секс се подразбира интимен однос кој воопшто не излегува од границите на типичниот шаблон на „нормално“ сексуално однесување.

Dali-ste-slusnale-za-vanila-sex-01.jpg

Поимот „ванила секс“ во модерната поп култура најчесто се изедначува со невозбудлив, по малку здодевен и неинвентивен сексуален однос. Но, дали автоматски станува збор за лош секс?

Класичната мисионерска поза е она што прво има паѓа на памет на луѓето кога ќе го слушнат овој поим.

Сексуалниот чин кој се одвива во целосен мрак и само со еден партнер исто така се поврзува со „ванила“ сексот.

Но, за разлика од односот кој вклучува повеќе егзибиционизам, „ванила“ сексот не ги истражува и проширува границите на удобноста и се задржува во она што на партнерите им е познато и на некој начин комфорно.

„Ванила“ сексот е исто така израз за сè што се смета за стереотипно или „нормално“ во даден временски период и општество.

Значи, доколку немате фиока полна со секси играчки во вашата спална соба, ниту пак уживате во различни сексуални игри или не сте обожаватели на менување различни положби за време на сексот, слободно може да се сметате за „ванила“ приврзаник.

Иако голем дел од мислењата поврзани со овој термин се негативни, односно тврдат дека ваквиот тип на секс е досаден и не носи никаква возбуда и страст, сепак, на крајот од денот, најбитно е задоволството, она што ви одговара вам и на партнерот и она што ве исполнува и ве прави среќни.

Прочитајте и: Што ако ве „обвинуваат“ за ванила секс? 9 предности на мисионерската поза за жените

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава