Како да го освоите во кревет?

kako-da-go-osvoite-vo-krevet-povekjeГо пронајдовте вистинскиот, или барем така мислите, не е важно. Сè до сега ви одговараше, и разговорите и бакнежите и сè што е важно.


Тој е вашиот човек. Но, сега на сцена стапува сексот. Сакате да го освоите и во кревет за да остане само ваш.

1. Немојте постојано да го одбивате, но немојте и секогаш да се согласите

kako-da-go-osvoite-vo-krevet

Често го предизвикувате и баш кога тој ќе помисли дека вие сигурно ќе се согласите, вие му велите: „А, не , не“.

Во ред, понекогаш тоа се подразбира, не може секогаш да се согласите, но понекогаш е и забавно да се шегувате со него. Можеби ви се допаѓа малку да го „запалите“, па потоа да му го скратите здоволството, но по неколку пати таква игра...тој ќе престане да се туди. Како би постапиле вие? Исто!

Уште една многу важна работа - не треба да се прави „обврска“ за секс, бидејќи кога сексот ќе стане обврска нешто што „морате да го направите“, тоа ќе создаде само непотребна напнатост.

Значи, не мора секогаш да бидете на располагање, така нема да му бидете предизвик, а тие сакаат предизвици.

2. Нека верува дека тој е „тој“, но дозирајте ја сигурноста

Не е тајна дека секој маж сака да помисли дека тој е вистинскиот.  Нека се чувствува како да прави баш како што треба. Машкото его е од неверојатна важност. Секогаш од почеток треба да му се кажува како е мноооогу добар, како моѓе мноооогу долго да издржи...

Но, внимавајте! Ако не сте задоволни, немојте да глумите за тој да се чувствува добро. Истакнете го тоа што е добро за да може на тоа повеќе да му се посвети. Мажот кој се чувствува несигурно и мисли дека не може да ја задоволи партнерката, лесно би можел да побегне. Секако, упатете му искрен комплимент, па ќе добие желба да биде уште подобар.

3. Ветувајте малку, покажете повеќе

Никогаш, ама баш никогаш немојте да поттикнувате лажни ветувања кога се работи за сексот, или пак за било што поврзано со секс. Да појасниме. Зборувате дека сте одлични во орален секс, а никогаш тоа не сте го примениле. Би можел да се разочара, а ако помалку му ветувате, а повеќе пружате тоа ќе го изненади... пријатно.

4. Желбата е клучна работа

Повеќето жени мислат дека добриот секс е всушност добра техника. Во ред - ако сте во нешто добри и во тоа уживате - само напред! Но, запомнете една важна работа ако на мажот му кажете дека го посакувате, тој ќе се почувствува многу моќен. Во сексуална смисла. Ако направите тој да се почувствува посакуван, тој сè повеќе вас ќе ве посакува.

Би можело да ве интересира:

Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg