Дали „спиете“ со некого?

dali-spiete-so-nekogo-povekjeСпиењето е поим кој може широко да се протолкува: спиете, па добро ќе се наспиете - во ред; не сте спиеле доволно, па сте ненаспани и уморни - и тоа е во ред.


Меѓутоа, кога ќе кажете дека сте спиеле со „некого“, работите не се така наивни. А можеби и се?

dali-spiete-so-nekogo

Човекот додека спие исклучена му е свеста, тој е смирен, лежи и нема никаква акција. Сепак, од некоја причина сме ја одбрале баш таа состојба за да го илустрираме сексуалниот однос помеѓу две личности.

Со тој поим се обидуваме да ги омекнеме последиците кои би можеле да произлезат од приказната дека некој имал сексуален однос со некого. Се избегнуваат конкретни глаголи, кои далеку пореално ја отсликуваат сликата на терен.

Мажите тука треба да бидат повнимателни, затоа што ако „преспијат“ во креветот на партнерката без сексуална активност, тоа навистина може да доведе до метаморфоза во сексуални спанковци.

Сексот подразбира се освен спиење. Во сексот спиењето е забрането: прво секс, а после спиење и тоа како последица на физичкиот а не психичкиот замор.

Најлоша ситуација која би можела да се случи е да го преспиете целото време кое би можело да се употреби за секс.

Разни работи можат да ве претворат во сексуални спанковци: телевизијата, компјутерите, мобилните телефони преку кои се водат долги разговори и воопшто сите останати несексуални работи на кои секојдневно сме изложени.

Секогаш имајте на ум дека креветот не би смеел да ви служи како место за разговор туку како место за работа.

Сексот по своите законитости е исклучителен феномен. Тој мора да биде феномен и не смее да трпи условувања од кои, ако ги има, и потекнуваат повеќето проблеми.

Ако сексот се сфати исклучиво, тоталитарно, фокусирано и без алтернатива, тој дава целосен резултат без разлика на видот на креветот, ставот или подлогата, а спанковците стануваат повредни, побудни и поактивни.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg