„Ѕиркање во кондомот“ и уште 7 работи што жените ги прават по сексот, но нема да признаат (18+)

Речиси сите жени практикуваат да ги прават овие работи, но нема да ви признаат никогаш. Без разлика дали се срамат или не сакаат да зборуваат за тоа, сепак речиси сите припаднични на понежниот пол ги прават овие работи после секс.

dzirkanje-vo-kondomot-i-ushte-7-raboti-shto-zhenite-gi-pravat-po-seksot-no-nema-da-priznaat-18-01.jpg

Речиси и да нема жена што не погледнала во часовникот по завршувањето на интимниот чин за да види колку траел тој. 

Кои други работи жените често ги прават по сексот, а за кои не зборуваат?

Колку е часот?

Сите сме навикнати на сцените од холивудските филмови каде ни се чини дека интимниот чин трае со часови.

Сепак, во реалноста нештата се поинакви... Затоа, речиси секоја жена ќе погледне во часовникот.

Колку време помина овојпат? Подолго од минатиот?

Ѕиркање во кондомот

Стравот од несакана бременост секогаш постои, особено кога не сте сигурни дека сакате да останете бремени или дека не сте подготвени за тоа.

Затоа мошне често може да ви се случи да се „фатите“ самите себеси како ѕиркате во кондомот.

Дали сè е во ред? Да не се скинал?

Секако убаво е кога со сигурност знаеме дека сме биле целосно заштитени за време на интимниот чин.

dzirkanje-vo-kondomot-i-ushte-7-raboti-shto-zhenite-gi-pravat-po-seksot-no-nema-da-priznaat-18-02.jpg

​Вода, вода и уште вода

Секако, важно е да пиеме доволно течности. Особено по активностите што бараат физички напор.

Бараат каде има флека

Девојките уживаат да се гушкаат по сексот, но честопати тоа може да се случува само на половина од креветот.

Иако, јасно ни е од каде дошла големата флека и тоа значи дека сме си поминале убаво, сепак тоа не значи дека сакаме да се валкаме на неа.

За крај, секако ќе мора да ја промените постелнината пред легнување.

dzirkanje-vo-kondomot-i-ushte-7-raboti-shto-zhenite-gi-pravat-po-seksot-no-nema-da-priznaat-18-04.jpg

Леле каква ми е косата?

Додека трае сексот, ниту една жена воопшто не се грижи низ што сè ќе помине нејзината коса, а останува збунета кога ќе го види крајниот ефект.

Сепак, иако можеби ќе го обвини партнерот затоа што фризурата ѝ е „ужас“, нема да признае дека се чувствува гордо со фризурата што ја добила за време на интимниот чин.

Лажење за причината на пропуштениот повик 

„Извини мамо, ме бараше, ама се туширав во моментот“.

Таа нема да знае што се случува, само бидете опуштени.

Речиси и да нема некоја девојка што не се нашла во ваква ситуација.

dzirkanje-vo-kondomot-i-ushte-7-raboti-shto-zhenite-gi-pravat-po-seksot-no-nema-da-priznaat-18-06.jpg

Каде е долната облека

Сериозно, каде си ја изгубив долната облека? Како ми се најде таму градникот?

Речиси и да нема жена што не поминува низ оваа рутина по секој секс.

Проверка дали сè е во ред

По секс одите во тоалет. Додека сте сами конечно можете да проверите каква е ситуацијата.

Дали сè е во ред? И секако додека сте таму, можете да си се восхитувате на одличниот изглед. Сепак, сексот навистина прави да заблескате.

dzirkanje-vo-kondomot-i-ushte-7-raboti-shto-zhenite-gi-pravat-po-seksot-no-nema-da-priznaat-18-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава