Комплименти кои ќе ја освојат

komplimenti-koi-ke-ja-osvojat-povekjeЕдно нешто што мажите би сакале да знаат е што да и кажат на жената за да ја израдуваат и да ја направат среќна. За почеток да го цитираме Хомер Симпсон...


Кога станува збор за комплименти, жените се бесни чудовишта кои ви ја цицаат крвта и секогаш бараат уште...и уште...и уште! Ако им го пружите тоа, многу ќе добиете за возврат!

Хомер уште еднаш е во право – не постои побрз и поефективен начин до срцето на вашата девојка од внимателен гест и комплимент, кои се музика за нејзините уши.

komplimenti-koi-ke-ja-osvojat

Поубава си од другарките. Со овој комплимент целите директно онаму каде што таа би сакала да биде – на пиедестал во нејзиното женско друштво. На девојките ваквите комплименти им се многу значајни. Тие ќе сфатат колку ги сметате вредни и постојано ќе ве наградуваат за тој „супериорен“ избор и за вашиот добар вкус. Истовремено ќе биде поопуштена во друштво и нема постојано да биде на штрек и да стравува дека ќе ви се допадне некоја нејзина пријателка.

Ти си мојот најдобар пријател. Ако и упатите ваква реченица, вие всушност и кажувате што чувствувате кон неа и тоа вон контекст на сексот и нејзиниот изглед. Ќе и ставите до знаење дека ви е важно каква личност е таа, што сака во животот и што и е важно – ќе покажете дека сакате да се занимавате со работи кои на повеќето момци не им се важни.

Ќе бидеш фантастична мајка. Повеќето жени планираат деца еден ден. Исто така, повеќето не се сигурни дека добро ќе се снајдат во новата улога. Ако вие како маж и кажете дека ќе биде добра мајка, ќе биде пресреќна поради тоа што сте и го рекле и ќе има поголема самодоверба. Индиректно и напоменувате дека сте размислувале за деца.

Што правеше денес? Кога ќе ја прашате како и поминал денот, таа ќе сфати дека ви е навистина важна и дека сте внимателен. Само имајте на ум дека тоа прашање ќе ја испровоцира да ви раскаже за некои поединости кои можеби не ве интересираат. Затоа, издвојте доволно време да ја сослушате за да не добие впечаток дека сте ја прашале „ради реда“.

Ти си делот што ми недостасуваше во животот, ме правиш комплетен. Кажете и дека е единствена на светот. Сите жени посакуваат еден ден да ги чујат тие зборови од мажот кого го сакаат. Тоа значи дека сте ја прифатиле во потполност и дека станала важен, незаменлив дел од вашиот живот. Верувајте, по ваквото признание, ќе се насмевнува со денови.

Дечки, девојки, се сложувате ли со ова? Имате ли нешто да додадете? Слободно пишете ни во коментарите.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg