Романтичен пролетен состанок

5-idei-za-romanticen-proleten-sostanok-povekjeДоста ви е од досадни состаноци по загушливите кефулиња? Време е да ја испробате романтиката на отворено. Ви преставуваме 5 идеи за идеален пролетен состанок.



1. Заедно во природа

5-idei-za-romanticen-proleten-sostanok

Романтична прошетка во природа, бакнежи сокриени во шумичката покрај опојниот мирис на цвеќето. Има ли поевтино и поубаво место за состанок на отворено? Искористете ги топлите пролетни денови и уживајте во заедничкото дружење.

2. Пикник

Иако на прв поглед делува како клише, има нешто многу слатко и романтично во грицкањето убава храна на некоја падина. Тоа ќе биде идеална можност подобро да се запознаете низ разговор и да уживате во сончевите зраци. При тоа внимавајте на мравките и дивите животни (доколку сте одбрале некоја шумичка).

3. Вежбање на отворено

Ако сте се заситиле од вежбање во задушливи теретани, време е да ја повикате симпатијата на свеж воздух. Испланирајте заедничко возење велосипед или пешачење. Која било физичка активност да одберете нема да згрешите. Ако при тоа уфрлите и малку романтика – еве ви идеален состанок под ведро небо.

4. Уживање во Зоолошка градина

Има ли нешто послатко и поромантично од посетата на зоолошка градина и заедничкото набљудување на животните? Пролетните месеци се идеални да се прошетате со саканата личност низ животнинското царство.

5. Aruba, Jamaica... ох...би сакал да те однесам таму

Сакате да патувате, а имате заштедено пари на страна? Тогаш вистинско време е да купите две карти за себе и за саканата личност и да отидете на мини романтично патување во тропските краеви (се разбира ова е за оние со подлабок џеб).

Би можело да ве интересира:

„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg