Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Без илузии за летната љубов

bez-iluzii-za-letnata-ljubov-povekjeТој и таа се запознале на море, на одмор. Имале страсна летна романса, го одржале познанството и врската и по годишниот одмор, некое време...


...имале врска на далечина, потоа еден од нив се преселил во градот кај што живее другиот, по извесно време се венчале и живееле среќно потоа.

А, да, и сексот цело време им бил фантастичен. Вистинита приказна?

bez-iluzii-za-letnata-ljubov

Не, тоа е нешто што можете да го прочитате во некој љубовен викенд роман, или да го видите на телевизија. Не дека ваквата приказна е неостварлива во вистинскиот живот, туку малку е веројатна.

Она што најчесто се случува со летната љубов е... таа личност по летувањето никогаш повеќе нема да ја видите ниту чуете.

Можеби и ќе има некои благи обиди врската да се одржи, но и тие ќе престанат.

Некогаш дури и ќе се обидете повеќе од тоа, се вложува повеќе труд за да се одржи врската – но и вам и на другиот во главата ви останува романтичната слика од летувањето, кога сте биле без обврски, опуштени и убаво сте си поминувале.

Секојдневието не е летување. Тоа притиска, така што онаа весела, насмеана, опуштена личност која ја запознавте на море, нема секогаш (можеби и не често) да биде весела и опуштена, ниту пак насмеана.

На летување можеби била импулсивна – а потоа откривате дека е многу организирана и дека ништо не прави без претходен план.

На летување несебично давала – а кога не е на летување, многу е пресметан/а. Можеби и нема да откриете ништо од горенаведеното, туку ќе откриете дека симпатичната личност со која сте уживале на одмор всушност е неамбициозна и дека нема да се буни ако ве наведе да ја издржувате па дури и да и помагате околу домашните работи.

Дали ова значи дека треба да се бега од летната љубов, од романсата на море?

Не, нема причина за тоа – само бидете свесни дека во тоа што се впуштате нема да биде голема љубовна приказна, туку само летен флерт и уживање.

Ако се опуштите и ако сте склони кон таква забава, може повеќе да уживате, особено ако не очекувате да се изроди нешто големо од романсата.

Ќе ви останат убави спомени, по некоја слика од партнерот... и ќе продолжите со својот живот.

А ако од вашата летна романса произлезе голема љубов? Супер! Ви честитаме!

Би можело да ве интересира:

Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg