Како да го имате најдобриот секс во животот... во само 5 минути? (18+)

Сексот набрзина има некоја посебна магија... Див е, возбудлив и незаборавен. Неколку корисни совети за него.

kako-da-go-imate-najdobriot-seks-vo-zhivotot-vo-samo-5-minuti-01.jpg

Сексот набрзина е одличен начин за разгорување на страста во врската.

Секс експертот Кејт Тејлор дава 5 кратки совети како да имате незаборавен брз секс:

Секс наутро – тогаш нивото на тестостерон на мажите е највисоко и двајцата ќе бидете полни со енергија, а не истоштени како по тешкиот работен ден.

Секс на јавно место – стравот да бидете фатени ќе направи работите да изгледаат диви, недозволени и возбудливи, па не е чудно што во ваква ситуација ќе имате секс за паметење и брзо ќе стигнете до врвот.

Моќта на локацијата – доволно беше дружба со спалната и душекот, обидете се со секс во кујната и ќе видите како работите ќе отидат во поинаква насока.

Соло третман – направете магија сами со помош на своите раце, потоа покажете му ги научените вештини на партнерот.

Стоечка секс поза наместо лежечка – заменете ја мисионерската поза и ќе имате нова енергија и возбуда.

Долна облека со „лесен пристап“ – долната облека треба да биде практична за да не ја забави брзината на авантурата.

kako-da-go-imate-najdobriot-seks-vo-zhivotot-vo-samo-5-minuti-02.jpg

На старите пози дадете им нов шарм – наместо да пробувате нови и тешки пози и да изгубите време местејќи се, вие дадете им нов шмек на старите со промена на некои аспекти, како зголемување на брзината на изведба или пак додавање секс играчки.

Задоволство со рака – задоволство набрзина можете да си подарите еден на друг и само со рака.

Облека на вас – не ја соблекувајте целата облека при сексот, а некогаш облечете и стара облека што не ви треба за да ја искинете и да ја зголемите возбудата на тој начин.

Користете вибратор – на мажите им се доволни неколку минути, но жените имаат потреба од подолг секс за да доживеат оргазам, па така вибраторот ќе ги забрза работите.

Игра на улоги – зошто да не копирате секс сцена од омилениот филм? Остварете си ги фантазиите со игра со улоги.

С. С. | Црнбело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg