Зошто сме љубоморни?

zosto-sme-ljubomorni-povekjeСите некогаш сме ја почувствувале љубомората. Иако често немаме објективни причини така да се чувствуваме, ретки се оние што можат да им се...


...спротивстават на негативните емоции.

Зошто всушност сме љубоморни?

Љубомората е природно чувство

Познатиот американски психолог Nando Pelusi открива дека во позадина на љубоморните испади секогаш се крие несигурност.

zosto-sme-ljubomorni

Ако ја сакаме личноста со која сме во врска, природно е понекогаш да почувствуваме умерена љубомора. Таа личност ни значи и потсвесно се јавува страв од можен губиток иако во реалноста, многу пати немаме реални основи за тоа.

Научниците отишле и чекор понатаму тврдејќи дека љубомората е генетски условена. Ова чувство го објаснуваат како одреден природен аларм кој превентивно не предупредува на можно неверство.

Во прилог на тоа зборува и фактот дека ниту еден меѓучовечки однос не е постојан, туку подлежи на промени.

Потполно е природно од време на време да имаме потреба за повторно потврдување на верноста од личноста со која сме во врска.

Посесивноста е пореметување

Проблемот се појавува кога љубоморната личност поради својата несигурност станува опседната со партнерот/партнерката. Тогаш љубомората прима екстремен облик и поминува во посесивност“ објаснува Pelusi.

Дека емоциите излегле од контрола најчесто можеме да забележиме од агресивните и неконтролираните испади.

Посесивната личност е нереална, во сè гледа закана, го попречува и го ограничува животот на партнерот. Никој не може да биде сопственик на туѓиот живот, а посесивните личности баш тоа се обидуваат да го направат.

Претераната љубомора, а особено посесивноста, постигнуваат контраефект.

Иако се обидувате да ја контролирате личноста, таа со време емоционално ќе се одвои од вас. Ако тој/таа сака да ве изневери, ќе го направи тоа, без разлика колку вие ја/го контролирате.

Некои девојки ја оправдуваат љубомората мислејќи дека е тоа знак - „нему му значам“. Многу истражувања го потврдиле спротивното.

Личностите што се изразено љубоморни и посесивни, често пати, самите се неверни.

Би можело да ве интересира:

Најчестите работи кои луѓето ги мразат кај своите партнери (според експертите за врски) Што мразите вие најмногу кај вашиот партнер? Која негова карактеристика или одне...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Маж (48) со исповед: „Партнерката е сексуално поискусна од мене – се плашам дека сум ѝ здодевен“ „Бившата сопруга не беше заинтересирана за секс, а таа е единствената жена со ко...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Како да го толкуваме јазикот на емоциите? Уште од периодот на просветителството, нашата култура силно го поддржуваше ставо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg