Ритуали на додворување

neobicni-rituali-na-dodvoruvanje-povekjeДодвворувањето низ времето класично е со подарување цвеќе или чоколатца. Пред оваа традиција, постоеле сосема поинакви обичаи кои биле поинакви...


...од оние кои денес се сметаат за начини за додворување. Некои од нив се задржале и денес.

1. Рурална Австралија. Тука се популарни јаболките натопени со пот од под пазувите. Младите жени танцуваат ритуален танц со парчиња јаболки под пазувите. По танцот, секоја девојка ги подарува јаболката на својот избраник, а тој треба да ги изеде.

2. Камбоџа. Родителите градат „љубовно гнездо“ за својата ќерка кога ќе дојде во средните тинејџерски години. Различни мажи ја поминуваат вечерта со неа во колибата сè додека таа не се одлучи со кого ќе се омажи. Концептот на развод не постои во племето, па партнерите мора да знаат во што се впуштаат и со кого ќе го поминат остатокот од животот.

3. Бали. Во традиционалната Хинду заедница на Бали, младите мажи и жените кои се во пубертет, мораат да поминат низ ритуално брусење на забите. Се верува дека ова ги ослободува од зла, бес, љубомора и пијанење. Кога ќе се ослободат од овие појави, младите се спремни за венчање.

neobicni-rituali-na-dodvoruvanje

4. Северна Европа и колонијална Америка. Некогаш на просторот на Европа и денешен САД била популарна практиката на „замотување“. Под родителски надзор адолесценти – момче и девојка заедно ја поминувале ноќта во ист кревет, завиткани во прекривачи, а понекогаш меѓу нив ставале и даска, или плоча. Така им била овозможена интимност, но не и полов однос, сè додека не биле подготвени за брак.

5. Кина. Жените се вртеле околу оган. Мажите околу нив свиреле на инструменти, и секој од нив одбирал по една жена на која и свири до крајот на вечерта. Ако на жената и се допадне она што и го свират, таа го поканува мажот да седне на нејзиното столче. Ако прифати, започнува да ја опсипува со слатки зборови.

Како се додворувате вие? Smile

Би можело да ве интересира:

Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg