6 шокантни психолошки факти за сексот – дали ги знаевте?

Кратко, слатко, долготрајно, бавно, брзо, сензуално… речиси сите сме во потрага по сексуално задоволство. 

6-shokantni-psihiloski-fakti-za-seksot-01.jpg

Го нагласивме зборот „речиси“ затоа што сепак не сите луѓе размислуваат или сакаат да имаат секс. Впрочем, тоа е еден од следните 6 психолошки факти за сексот.

Но, кои се другите 5?

Потребна е помалку од една секунда за вашиот мозок да одлучи дали некој сексуално ве привлекува или не

Колку време ви е потребно да сфатите дали некој физички ве привлекува или, пак, не?

Според истражување објавено во 2008 година во NeuroImage, на мозокот му е потребна половина секунда за да одлучи дали некој е физички привлечен или не.

Жените може да го променат својот глас со цел да звучи посекси

Дали вие имате секси глас? Во истражување спроведено во 2013 година учествувале 40 испитаници, 20 мажи и 20 жени, од кои било побарано да го „манипулираат“ гласот со цел да звучат поатрактивно.

Резултатите покажале дека и двата пола почнале да зборуваат побавно додека се обидувале да звучат секси, а жените воедно зборувале со понизок тон и со поголема вокална способност.

Жените „победиле“ во овој натпревар докажувајќи дека имаат способност да го менуваат гласот со цел да звучат посекси.

Галењето и милувањето после сексот можaт да го зголемат задоволството.

Бакнувањето, галењето, разговорите и прегратките после сексуалниот однос го зголемуваат задоволството и ја продлабочуваат врската помеѓу партнерите.

6-shokantni-psiholoshki-fakti-za-seksot-dali-gi-znaevte-02.JPG

Не сите луѓе сакаат да имаат секс

Ова веројатно сте го слушнале досега, а особено важи за луѓето кои се доживуваат себеси како асексуални.

Асексуалност е сексуална ориентација која се однесува на личност којшто не доживува физичка, т.е. сексуална привлечност кон другите или, пак, има навистина мала желба за сексуален чин.

Секс пред некоја стресна задача може да го намали нивото на напнатост

Имате тежок испит или ви претстои стресно интервју за работа?

Истражување спроведено во 2006 година објавено во списанието Biological Psychology опфатило учесници кои имале задача да бидат дел од стресни активности, како јавно говорење или тешки математички тестови.

Учесниците кои имале секс пред сите овие задачи имале понизок притисок и покажале пониски нивоа на стрес во организмот.

Сексот може да ја намали перцепцијата за болката што ја чувствувате

Сексот може да ви ја намали перцепцијата за болката што ја чувствувате.

Кога се ослободува хормонот окситоцин за време на сексуална возбуда или оргазам, може да им помогне на жените да чувствуваат помалку болка, особено за време на менструалниот циклус.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg