Г-точката не постои - Секс факти кои не се точни

Статистичките податоци кои постојано изнесуваат факти од типот „просечната машкост во ерекција е долга 12 сантиметри“ не се ништо повеќе од нагаѓања.

g-tocka-mokrenje-posle-odnos-seks-fakti-koi-ne-se-tocni-2.jpg

Многу од работите кои сме мислеле дека ги знаеме во врска со сексот, немаат ниакакви докази и се само претпоставки или митови.

На пример:

Никој всушност не знае колкава е просечната должина на пенисот

Статистичките податоци кои тврдат дека должината во ерекција кај мажите е 12 сантиметри во просек не се ништо повеќе од претпоставки.

Веројатно никогаш нема да може точно да се утврди, бидејќи премал процент од мажите се подготвени да ја мерат својата „машкост“.

На жените не им е потребно подолго време за да се возбудат

Иако повеќето веруваат дека предиграта има функција за жените да се возбудат и дека на мажите тоа воопшто не им е потребно, вистината е дека нема никаква врска помеѓу мажите и жените.

Понекогаш времето потребно за возбуда варира од човек до човек, а не од маж до жена. Некогаш влијание има и стресот.

g-tocka-mokrenje-posle-odnos-seks-fakti-koi-ne-se-tocni-01.jpg

Мокрењето по секс не е неопходно

Иако на жените често им се советува да одат во тоалет по завршувањето на сексуалниот однос, ова не е неопходно.

Мокрењето по секс може да ви помогне да го намалите ризикот од инфекции на уринарниот тракт, но ова најмногу важи за жени кои се многу склони кон вакви инфекции. 

Клиторисот нема повеќе нервни завршетоци отколку машкиот полов орган

Постојано се известува како клиторисот има над 8.000 нервни завршетоци, односно дупло повеќе од пенисот, но нема ниту една студија што може да ни го потврди ова.

Студијата од каде што потекнува овој факт всушност била за животни.

Не постои ни Г точка

Сите истражувања досега го побиваат постоењето на таканаречената Г-точка за чија стимулација се верува дека го зголемува сексуалното уживање и води до оргазам.

Но, иако не постои како точка, терминот сепак може да се користи за опишување на почувствително место, со чие стимулирање се постигнува поголемо сексуално задоволство.

Извор

Би можело да ве интересира:

8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg