6 работи за кои се расправате со сопругот, а чија позадина е сосема друга (и решенија за нив)

Невнимателно ве слуша... Се карате за: Некултура. Кавгата всушност е: Не се чувствувате важни за него. Кое е решението за овој и уште 5 проблеми во врската/бракот?

6-raboti-za-koi-se-karate-so-soprugot-a-chija-pozadina-e-sosema-druga-i-reshenija-za-niv-01.jpg

Се расправате ли со партнерот за банални работи од типот кој ќе ги мие садовите или ќе го фрли ѓубрето?

Но, дали знаете дека причината за овие кавги понекогаш е нешто многу подлабоко?

Некогаш тоа е борба за моќ, за внимание, за почит...

За што се расправате, а што всушност се крие под тоа?

Неодговорност кон финансиите

Се карате за: Пари

Кавгата всушност е: Тоа што секогаш мора вие да бидете „незабавниот“ член на семејството

Го презирате тоа што вие секогаш мора да бидете зрелата личност во врската, да мислите на сметките, додека партнерот безгрижно си живее. Ова сигурно се случува и во други аспекти од вашето функционирање.

Како да го поправите ова: Поделете ги сметките на половина, па кога ќе види колку всушност е тешко парите наменети за забавни активности да одат на сметки, ќе почне да гледа поодговорно на финансиите.

Полнење на машината со садови

Се карате за: Нечисти садови

Кавгата всушност е: Тактички неодговорно однесување

Партнерот намерно заборава да ја наполни машината со садови за вие да бидете нервозни и да не побарате повторно такво нешто од него. Тој намерно заборава работи од списокот кога оди на пазарење, ја загорува вечерата итн.

Како да го поправите ова: Секој пат кога ќе направи неред или нема да успее во нешто, натерајте го одново да го направи тоа. И одново. Така ќе сфати дека наредниот пат повеќе ќе му се исплати да го направи побрзо, односно од прва.

Исфрлање на ќесите со отпадоци

Се карате за: Ѓубрето

Кавгата всушност е: Мотивацијата

Колку повеќе го потсетувате партнерот дека треба да ги фрли ќесите со отпадоците, тој толку повеќе заборава. Луѓето за да направат некоја здодевна активност, треба да поверуваат дека тие одлучуваат кога и како ја прават. Автономијата дава мотивација.

Како да го поправите ова: Престанете да му давате упатства до најситен детаљ, партнерот сам нека одлучи кога и како ќе ги заврши неговите обврски.

6-raboti-za-koi-se-karate-so-soprugot-a-chija-pozadina-e-sosema-druga-i-reshenija-za-niv-03.jpg

Секогаш е на телефон

Се карате за: Зависноста од телефон

Кавгата всушност е: Љубомора и запоставеност

Тоа што постојано е на телефон, вам ви создава осаменост и несигурност и се прашувате што е тоа што го гледа, а што му е позабавно од вас.

Како да го поправите ова: Организирајте вечери за состаноци во кои правилото ќе биде телефоните да ви се оставени во друга соба за да не мора да се борите за внимание со неговите смешни видеа, игри или социјални мрежи.

Не подготвување на време за поаѓање

Се карате за: Доцнење

Кавгата всушност е: Чувство на запоставеност

Луѓето го ставаат како приоритет тоа што им е важно на нив. Па, кога партнерот одложува работи, вие чувствувате како да ви кажува дека не сте му важни.

Како да го поправите ова: Отворено кажете му дека таквото однесување ве повредува и доловете му дека времето што го губите чекајќи го него дека би можеле да го искористите за нешто поконструктивно.

6-raboti-za-koi-se-karate-so-soprugot-a-chija-pozadina-e-sosema-druga-i-reshenija-za-niv-02.jpg

Невнимателно слушање

Се карате за: Некултура

Кавгата всушност е: Не се чувствувате важни за него

Колку е понеконцентриран додека ве слуша, толку помалку чувствувате дека сте интимно поврзани со него. Некогаш игнорирањето на разговорите е начин за избегнување на интимност.

Како да го поправите ова: Додека му зборувате, допрете го за рака за да го привлечете неговото внимание. Важните информации кажете ги на самиот старт и прашајте потоа да ви повтори што сте му кажале.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава