Изненадувачки работи кои се менуваат кога ќе се венчате

И во добро и во лошо, стапувањето во брак може да го промени начинот на кој размислувате, што правите и како се чувствувате.

iznenaduvacki-raboti-koi-se-menuvaat-koga-ke-se-vencate-01-.jpg

Дел од промените не ни можете да ги претпоставите... Тоа не значи дека секому се случуваат или дека се лоши, но треба да ги имате на ум. 

Што се менува во брак?

1. Како се гледате себеси

Паровите често се изненадуваат што првата година од бракот знаат да доживеат криза на идентитетот. Тоа произлегува затоа што сега животот ви е преплетен со некој друг.

2. Како се однесувате во кревет

Кога ќе си ветите дека сте заедно додека смртта не ве раздели, тој вид на посветеност овозможува сигурност и удобност – нешто што драстично може да ги промени игрите во креветот.

3. Колку често ќе имате секс

Шансите се дека ќе имате помалку секс – и тоа веројатно не е толку изненадувачки. Но, она што вреди да се повтори е дека ништо нема да трае вечно.

Ќе има секакви периоди, но важно е да запаметите дека тука веќе се цени квалитетот, наместо квантитетот.

4. Вашата потреба да читате мисли

Жал ни е, но бурмата нема телепатски супермоќи, ниту ви дава можност да ја дешифрирате секоја мисла во туѓата глава.

iznenaduvacki-raboti-koi-se-menuvaat-koga-ke-se-vencate-02.jpg

5. Каде и како ќе се слават празниците

Празниците може да достигнат едно ново ниво на компликации, ако се дискутираат со „мора.“ Запаметете го тоа, најдобронамерно.

6. Вашата тежина

Непишано правило е дека самата удобност на бракот и вдомувањето, со себе си носат и некој килограм плус. Радоста или тагата се силни емоции кои исто така може да доведат до зголемување или намалување на апетитот.

7. Слободата на времето

Ќе има денови кога вашето време нема да биде само ваше, туку ќе биде испланирано од страна на некој друг. И тоа е во ред, додека постои баланс.

iznenaduvacki-raboti-koi-se-menuvaat-koga-ke-se-vencate-03.jpg

8. Вашата улога во врската

Не би требало да ја преземете улогата на жена-домаќинка или маж-работник, како што било порано. Ќе треба сами да си ја пронајдете улогата која сакате да ја живеете заедно со партнерот.

9. Каде се собира валканата облека

Или како се диплат пешкирите, на кој ѕид стои телевизорот и сите ситници кои спаѓаат во категорија „нашиот дом“.

Дури и паровите кои порано почнале да живеат заедно, изненадени се од промените кои бракот ги носи.

Можеби најпаметно е на крајот вие да се согласите дека облеката може да се собира и во друга корпа, а тој да се согласи дека не мора телевизорот да стои баш на тој ѕид.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg